Основни шаховски завршници

Основни шаховски завршници
Корицата на книгата
АвторРубен Фајн
Изворен насловBasic Chess Endings
Земја САД
Јазиканглиски

Основни шаховски завршници е шаховска книга од американскиот шаховски велемајстор и автор Рубен Фајн. Во неа се претставени и објаснети основните позиции во завршницата, како фаза на шаховската игра. Делото претставува прв систематски преглед на англиски јазик за играта во завршницата. Делото и денес претставува најдобар пример на англиски јазик за играта во завршницата. Книгата е напишана во 1941 година и е посветена на светскиот првак Емануел Ласкер, кој починал во истата година. Делото е ревидирано од страна на Пал Бенко во 2003 година.

За ова дело, Сесил Пурди има речено:

„...Основни шаховски завршници е монументално дело, едно од најпознатите целосни и авторитетни за завршницата на било кој јазик.“[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Делото „Основни шаховски завршници“ е напишано во времетраење од само четири месеци. во само четири месеци и е објавена во 1941 од страна на издавачката куќа McKay (оддел од издавачката куќа Random House). Во книгата се користи, сега веќе застарениот описен запис. Најочевидна е употребата на кратенката „KT“ за потезите со коњ, наместо современата кратенка „S“.[а]

Во интервју од 1984 година, Фајн узјавил дека му биле потребни три месеци за да ја напише книгата. Тој исто така изјавил дека средувањето на материјалот не му претставувало проблем, но тешко било да се додадат избрани позиции. Тој, самиот смислил голем број на позиции.[2]

Второто издание со тврди корици било отпечатено, дури во 1960. Авторското право било обновено во 1969 година, откако книгата веќе била отпечатена во повбеќе изданија со меки корици. На меките корици од изданието од 1971 година, печатот од издавачот бил прикажан, а истиот бил дел од меките корици на десет изданија на книгата од 1981.

Со текот на годините, многу грешки во делото биле пронајдени и многу од нив биле објавени во магазинот Chess Life во колумна објавена од страна на Лари Еванс. Над сто такви грешки се пронајдени и била отпечатена листа, која ги содржела од страна на Пол Крејн и Дејвид Чју. И покрај овие грешки, книгата останала во печат во нејзината оригинална форма.

По многу години, уредникот Берт Хогберг, успеал да го убеди издавачот во создавањето на нова верзија. Експертот за завршници, Пал Бенко, во чијашто копија од книгата се содржани рачно напишани белешки за скоро сите грешки, ја направил ревидирината верзија. Оваа верзија беше објавена во 2003 година, но само во тенки корици. Бенко, исто така го применил описниот метод во стандардниот шаховски запис. Тој исто така додал и нов материјал врз основа на понови анализи, па така биле додадени многу нови примери. Тој направил многу поправки, но неколку грешки сепак останале. На пример, Бенко го потвирува тврдењето на Фајн, дека завршницата со два ловца и коњ против топ е реми, при точна игра.[3] Всушност, според таблиците за завршниците на Налимов, позицијата со три лесни фигури против топ е добитна.[4]. Хауард Стантон, без употреба на компјутер, го открил ова уште пред повеќе од 150 години.[5]. Бернхард хорвиц и Јозеф Клинг излегле со истото тврдење во 1851.[6].

Оригиналното издание содржи 573 страници и 607 дијаграми со позиции. Многу дриги позиции се претставени со запишување на местоположбата на фигурите, наместо со претставување на посебен дијаграм. Изданието од 2003 содржи 587 страници со 1330 позиции, од кои најголемиот дел се претставени на посебни дијаграми.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Различните позиции од завршницата во делото се поделени во десет поглавја. Воведното претставува генерален осврт на целта во завршницата, односно матирањето на противничкиот крал. Потоа следуваат седум поглавја, насловени по фигурите кои учествуваат во завршницата. Претпоследното поглавје содржи заклучок и преглед на содржината, а последното содржи совети од авторот, односно 20 правила во завршницата. Содржината е поделена на следните поглавја:

  1. Елементарни матови
  2. Завршници со крал и пешак
  3. Завршници со коњ и пешак
  4. Завршници со ловец и пешак
  5. Завршници со лесни фигури
  6. Завршници со топ и пешак
  7. Топ и лесни фигури
  8. Завршници со дама
  9. Заклучок и преглед
  10. Дваесет правила за завршницата[б]

Освен последните две поглавја, сите останати се поделени на помали единици, кои се однесуваат на пешачката разместеност или позиционите фактори. Многу од овие единици и понатаму се делат на уште помали научни единици.

Ревизијата на Џон Нан

[уреди | уреди извор]

Велемајсторот Џон Нан направил осврт на делото, како и на оригиналната верзија, така и на ревидираната. Парафризирањето на неговиот осврт го содржи и следниот коментар за делото:

„Ова е класична книга... Квалитетот на општи објаснувања е одличен и веројатно никогаш не бил надминат. ... Фино е кога таа дава целосни описи и е пофалена за нејзината наставни вредност. ... Сепак, има многу грешки во конкретната анализа на позициите. ... Квалитетот на општите објаснувања ги компензира грешките и го прави делото вредно да се прочита. ... Единствен исклучок е поглавјето за завршници со дама, која многу има напреднато од 1941, а поголемиот дел од материјалот веќе е неточен.“

Нан, исто така дал и свое мислење на ревизијата на Бенко:

„Шансата да остане оваа класика до денес е пропуштена. ... Распоредот е подобрен, но сепак многу позиции се без дијаграми и многу позиции се отстранети. ... Има мало количество на нов материјал, но тој е претежно од партиите на Бенко и студиите во завршницата, а дел од новиот материјал е додаден невешто. ... Во поглавјето за завршници со дама за кралица завршетоци не се извршени измени кои ќе ги рефлектираат новините достигнати од 1941. ... Најголемото разочарување е неможноста да се коригираат многу од грешките во оригиналното дело, од кои некои се познати. ... Не е направена систематска-компјутерска проверка на анализата. ... Некои грешки се поправени, но многу останале. ... И покрај ова, книгата се препорачува за напредните објаснувања на Фајн, но сепак истата не е точна до денес.[7]

Влијание

[уреди | уреди извор]

Лари Еванс го додал ова дело во својата „основна шаховска библиотека“ и изјавил дека истото „се разликува по луцидната и страстена организација“[8]. Копии од книгата се во сопственост на многу генерации на шахисти од целиот свет. Светскиот првак Михаил Ботвиник, оваа книга ја сметал за најдобра книга за завршницата. Јуриј Авербах (кој ги напишал делата Сеопфатни шаховски завршници и Шаховски завршници: Суштинско познавање) ги втемелил своите истражувања врз оваа книга.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • а Во 1944, во многу писма се дебатирало за промената на ознаката на потезите со коњ од Kt во S[9].
  • б Во оригиналната верзија, ова поглавје било насловено „Петнаесет правила за завршницата“ и било дел од претходното поглавје.
  1. Cecil Purdy, C.J.S. Purdy on the Endgame, 2003, Thinker's Press, ISBN 978-1-888710-01-8
  2. Winter, Edward, Kings, Commoners. and Knaves: Further Chess Explorations, Russell Enterprises, 1999, стр. 214 ISBN 978-1-888690-04-6
  3. Fine, Reuben; Benko, Pal, Basic Chess Endings (second ed.), McKay, 2003, стр. 524 ISBN 0-8129-3493-8
  4. Müller, Karsten; Lamprecht, Frank, Fundamental Chess Endings, Gambit Publications, 2001, стр. 403 ISBN 1-901983-53-6
  5. Staunton, Howard, The Chess-Player's Handbook (второ издание), Henry G. Bohn, 1848, стр. 439-40
  6. Horwitz, Bernhard; Kling, Josef, Chess Studies and End-Games, Olms, 1851, 1884, стр. 135-42 ISBN 3-283-00172-3
  7. Nunn, John, Secrets of Practical Chess (второ издание), Gambit Publications, 2007, стр.246-50 ISBN 978-1-904600-70-1
  8. Evans, Larry, Chess Catechism, Simon and Schuster, 1970, стр. 247 ISBN 0-671-20491-2
  9. Lawrence, Al, "On the Shoulders of Chess Giants", Chess Life 2009, стр. 10