Отмаршен
Отмаршен | |
Кварт во Хамбург | |
Хамбуршкото пристаниште и квартот Отмаршен (напред). Поглед од северозапад. | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Алтона (Хамбург) |
Основни податоци | |
Население | 12.169 (31 декември 2006) |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Отмаршен во Хамбург | |
Координати | 53°33′10″N 9°53′40″E / 53.55278° СГШ; 9.89444° ИГД |
Отмаршен (германски: Othmarschen) е кварт во округот Алтона на Хамбург во северна Германија.
Првите спомнувања на Отмаршен се од 1317. Заедно со Алтона, Отмаршен станал дел од Хамбург во 1937/1938 поради Законот за голем Хамбург.
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Отмаршен имал вкупна површина од 6 км2. На запад е квартот Нинштетен. На југ реката Елба е граница со Валтерсхоф. На север се квартовите Грос Флотбек и Баренфелд, додека на исток се граничи со квартот Отензен.
Во 2006, квартот Отмаршен имал население од 12.169 луѓе. Густината на населеност била 2.023 жители на км2. 16,7% биле деца под 18 години, а 22,9% имале 65 или повеќе години. 11,3% биле странци. 153 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, постоеле 5.672 домаќинства од кои 17,8% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 45,8% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинствата била 1,98.[2]
Во 2006, се случиле 1.178 кривични дела (97 дела на 1000 жители).[3]
Приватото Меѓународно училиште Хамбург се наоѓа во Отмаршен.
Постојат 1 основно и 3 средни училишта во квартот Отмаршен.[4]
Ernst Barlach Haus е музеј за работата на експресионистичкиот вајар, печатар и писател Ернст Барлах. Се наоѓа во Jenisch Park.
Пристанишниот музеј во соседството Ефелгене е мало пристаниште со некои стари бродови.
Jenisch Haus била изградена од 1831-1834 од Франц Густаф Форсман во соработка со Карл Фридрих Шинкел во Jenisch Park како дом за одморање на Мартин Јохан Јениш, градоначалник на Хамбург. Денес е дел Altonaer Museum во Отензен. Главно содржи слики и други уметнички дела од првата половина на 19-от век.[5]
Во Отмаршен е Jenisch park и Hindenburgpark и Schröders Elbpark, директно до плажата на реката Елба.
Генералниот конзулат на Народна Република Кина основан во Хамбург во 1921 се наоѓа на улицата Elbchaussee 268.[6]
Asklepios Klinik Altona е општа болница со 922 кревети, која се наоѓа Paul-Ehrlich-Strasse. Болницата има 13 оддели, вклучувајќи ги за интерна медицина, хирургија, гинекологија, урологија, неврологија, неврохирургија, офталмологија, анестезиологија и интензивна нега и итна хирургија.[7]
Во Отмаршен постојат 10 градинки за деца и исто така 27 лекари во приватни ордиации и 1 аптека.[4]
Јавниот сообраќај во Отмаршен е обезбеден преку железничкиот систем на градските возови со станиците Отмаршен и Баренфелд и неколку автобуски линии. Овие се координирани преку Hamburger Verkehrsverbund.
Излезот на Автопатот 7 и северниот влез на Елпскиот тунел се наоѓаат во Отмаршен.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 5.475 приватни возила (464 возила на 1000 луѓе).[4] Се случиле вкупно 92 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 76 со жртви.[8]
„Othmarschen“ на Ризницата ? |
|
|
|