Павао Штос

Павао Штос
Роден/а10 декември 1806(1806-12-10)
Дубравица, Хрватска
Починат/а30 март 1862(1862-03-30) (возр. 55)
Покупско, Хрватска
ЗанимањеПисател, свештеник, илирист
НационалностХрватска Хрват
Книжевно движењеРомантизам

Павао Штос (хрватски: Pavao Štoos 10 декември 180630 март 1862) — хрватски поет, свештеник и народен преродбеник.

Во Загреб завршил богословија, едно време бил секретар на владиката, а од 1842 година тој бил свештеник во Покупско.

Штос е важна личност за хрватските патриоти, како автор на познатата елегија "Kip domovine vu početku leta 1831" („Кипот на татковината во почетокот на летото 1831“), соработник со списанието Даница на Људевит Гај, тој бил патриот загрижен поради угнетувањето и денационализацијата на месното население ("vre i svoj jezik zabit Horvati hote ter drugi narod postati"). Штос песимистички гледал на тогашните политички и културни движења, гледајќи ја државата како заробена во вечна темнина "srce od plača ne mrem zdržati" („срцето од плач не умеам да го задржам“).

Павао Штос, споменик во неговото родно место, Дубравица

Покрај литературата, тој исто така се занимавал со музиката и во 1858 го објавил делото Kitice srkvenih pjesama s napjevima. Тој е автор на песната "Poziv u kolo ilirsko" („Повик во колото илирско“).

Во 1862 бил назначен за загребски каноник, но починал пред да успее официјално да ја стекне титулата.

  • Fališevac, Dunja; Nemec, Krešimir; Novaković, Darko (2000), Leksikon hrvatskih pisaca (хрватски), Zagreb: Školska knjiga d.d, ISBN 953-0-61107-2

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]