Пал Лакатош (унгарски: Pál Lakatos 7 јуни 1968 во Вашарошнамењ) е пензиониран боксер од Унгарија , кој ја претставуваше својата родна земја на две Летни олимписки игри: во 1992(Барселона, Шпанија) и 2000 (Сиднеј, Австралија). Тој еднаш го освои сребрениот медал на Европското првентво, во 1993 година (Бурса, Турција), а трипати го зазеде бронзениот медал во супер лесна категорија ( – 48 кг) на Европското првенство, во 1991, 1998 и 2000 година.
Во 2001 година Лакатош стана професионалец. Една година подоцна тој се бореше за титулата ТВБА Супер лесна категорија во Торедембара, но беше претепан од страна на алжирскиот боксер Лакан Земумри од Шпанија. Ја завршил својата професионална кариера во 2004 година, со негативен рекорд: пет победи (три нокаутирања), единаесет загуби и две нерешени.