Паоло Булгари | |
---|---|
Роден(а) | 1937 |
Националност | Италијанец |
Занимање | Претседател на Булгари |
Родители | Џорџо Булгари |
Роднини | Џани Булгари (брат) Никола Булгари (брат) |
Паоло Булгари (роден 1937) е италијански стопанственик и дизајнер на накит, внук на Сотириос Булгари, основачот на луксузниот бренд Булгари.
Паоло Булгари е роден во 1937 година, како втор син на Џорџо (Леонидас-Георгиос) Вулгарис (1890-1966). Неговиот брат Џани е роден во 1935 година, а Никола во 1941 година.[1]
Во 2013 година, по наводите за даночно затајување, даночна полиција извршила рација во канцеларијата на Булгари во римската улица Виа Кондоти, како дел од заплената на имот од 46 милиони евра. Во мај 2015 година, италијанскиот судија наредил Паоло и Никола Булгари и уште 11 други да им се суди под обвинение за затајување данок. И двајцата ги негирале обвиненијата.[2]
Во мај 2015 година, Форбс ја проценил нето вредноста на Паоло Булгари на 1,3 милијарди американски долари.[3]
Булгари живее во Рим.[3]
|