Тоа се лекови кои внесени во организмот доведуваат до стимулација на холинергичниот (парасимпатомиметичниот) систем. Во зависност од начинот на кој дејствуваат, поделени се во три групи:
Во организмот се создава од оцетна киселина и холин. Извесни количества ацетихолин се наоѓаат во ЦНС каде што има функција на невротрансмитер во некои региони во овој систем. Освен тоа, ацетилхолинот се лачи на завршетоците на сите предганглиските нервни влакна, на заврешетоците на постглиските парасимпатомиметичнин влакна, на завршетоците од симпатичните влакна кои ја инервираат сржта на надбубрежната жлезда и на крај, се лачи на завршетокот на соматските нерви.
Дејства на ацетилхолинот. Дејствара бна овој лек се поделени на две групи:
Ова е синтетички добиен лек, кој има посилни мусакарински, а многу слаби никотински дејства. Помалку осетлив на холинестеразата, поради што дејството му трае подолго од она на ацетилхолинот.
Индикации: пароксизмална тахикардиа, рететнција на урина.
Тој има посилни никотински, а послаби мускарински дејства. Не го разгорува холинестеразита, па дејството му трае доста долго.
Индикации: периферни васкуларни заболувања (ги штити крвните садови), ретенција на урина.
Тој исто така не е осетлив на холинестеразата, така што дејството му трае долго. Има доста силни дејства на дигестивниот и уринарниот тракт, а послаби на кардиоваскуларниот.
Индикации: ретенција на урина, атонија на желудникот по ваготомија.
Тој е алкалоид кој дејствува директно на органите кои имаат холинергична инервација. Дејствата му се состојат во силна стимулација на егзокрините жлезди (посебно на потните жлезди) стимулација на мазната мускулатура во дигестивниот тракт и н акрај се неговите дејства врз очите, кои од практичен аспект гледано се најважни.
Ако се капне во очите Пилокарпинот доведува до миоза и грч на акомодација со тенденција на снижување на интраокуларниот притисок, ако бил покачен.
Индикации: Глауком, каде што се аплицира локално во вид на 0,5—4% раствор.
Тој има слични дејства како Пилокарпинот, но не се користи во хумана медицина.
Тој се наоѓа во една печурка (габа) Аманита мускариа, така што при јадење на оваа печурка (по грешка) може да настапи труење. Негов ефикасен антагонист е атропинот кој треба да се користи против труења.
Тоа се материи кои ја инхибираат активноста на ензимот холинестераза, кој од своја страна го разградува ацетихолинот. На овој начин ацетихолинот кој го има нормално во организмо се натрупува. Важноста на овие супстанции се состои во тоа што тие можат да се користат за следниве цели :
Антихолинестеразните лекови се поделени во две групи:
Тој е алкалоид кој се добива од едно африканско растение. Лекот е ефикасен даден преку уста, со инекција или локално.
Тој има мускарински и никотински дејства, така што неговите ефекти се слични на ацетилхолинските, а се поништуваат едните со атропин, другите со неутромускулни блокатори.
Индикации: локално, во око како раствор во терапија на глауком и тоа како 1% раствор.
Тој е синтетички добиен лек кој има дејства слични на ацетахолниот, но има и други дејства кои не зависат од инхибицијата на холинестеразата.
Индикации: Миастениа гравис, црвена атониа, постоперативна црвена атониа, периферни спазми на крвните садови, при труење со некои невромускулни блокатори (Д-тубокурарин, флакседил).
Иреверзибилни инхибатори н ахолинестеразата. Инсектициди, меѓу кои најчесто се користи Паратион. Воени (бојни) отрови каде што спаѓаат: ДФП, Сарин, Соман, Трбун и други.
Од поделбата на оваа група на супстанции се гледа дека тоа не се лекови, туку материи кои се користат во земјоделството за уништивање на разни штетници со што се зголемува приносот, или пак претставуваат потенцијални бојни отрови. Причината што ги споменуваме овде е токсиколошкото дејство. Имено, посектицид или поради опасноста од евентуална употреба како бојни отрви. Доколку човек се интоксцира со некој од нив, покрај другите мерк кои треба да се преземат, значајно место има Атропинот кој е најефикасен противотров, а во поново време се користат и некои меатерии наречени реактиватори на холинестеразата, чиј претставник е Пралидоксим (Pralidoxim).
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |