|
Патрик Ауда (англиски: Patrik Auda; роден на 29 август 1989, во Иванчице, Чешка) е чешки кошаркар, крилен центар на Јокохама Б-Корсејрс и на чешката репрезентација.
Од 2010 до 2014 година, Ауда играл колеџ кошарка на Унивезитетот Сетон Хал за Сетон Хал Пајретс. Неговата последна сезона на колеџот била и најдобрата, бележејќи во просек 9,6 поени, 4,5 скокови и 1,5 асистенции. Во четвртфиналето на Big East конференцијата, Ауда уфрлил 13 поени во изненадувачката победа со 64-63 над најдобро рангираната екипа во регуларниот дел од сезоната, Виланова Вајлдкетс. Сепак, Пајретс биле елиминирани во полуфиналето од Провиденс Фрајрс.
Ауда се пријавил на НБА драфтот 2014, но не бил избран од ниту една екипа.
Истата година, тој потпишал договор со новиот полски прволигаш, Полфармекс Кутно. За оваа екипа одиграл 27 првенствени натпревари со просек од 13,7 поени, 4,3 скокови и 1,6 асистенции.
На 21 август 2015, тој потпишал за друга полска екипа, АЗС Кошалин.[1] Во Кошалин добил поголема минутажа и ја поправил својата статистика просечно бележејќи 14,4 поени и 6,5 скокови. Својот најдобар натпревар во дресот на Кошалин го одиграл на 17 октомври 2015, кога во победата по продолженија со 75-74 над Трефл Сопот забележал дабл-дабл од 27 поени и 12 скокови.[2][3]
На 22 март 2016 година, тој го раскинал договорот со клубот од Кошалин за да се приклучи на шпанската Манреса.[4] Дебитирал во АЦБ лигата на 28 март 2016 во гостинската победа над Ховентут со 63-76, за која придонесол од клупата со 11 поени и 6 скокови за 18 минути минати на паркетот.[5] До крајот на сезоната 2015-2016, Ауда одиграл 10 натпревари во шпанската лига со просек од 9,1 поени и 4,6 скокови. На почетокот на следната сезона, 2016-2017, Ауда бил избран за МВП на второто коло на АЦБ лигата за својот настап во победата на гостувањето кај Севиља;[6] чешкиот крилен центар постигнал 19 поени - со шут од игра 3/3 за два поени и 3/4 за три поени - и 9 скокови на тој натпревар.[7][8] Сезоната 2016-2017 со Манреса ја завршил со 25 одиграни натпревари во шпанското првенство бележејќи во просек 9,6 поени и 3,9 скокови.
На 12 јули 2017 година, Ауда се вратил во полското првенство откако станал играч на Роса Радом.[9] На 27 декември 2017, забележал дабл-дабл учинок во поразот со 102-97 на гостувањето кај Старт Лублин со 17 поени и 13 скокови.[10][11] За екипата на Роса Радом одиграл 35 натпревари во полското првенство во сезоната 2017-2018 со просек од 13,1 поени, 4,7 скокови, 1,2 асистенции. Исто така играл и во Лигата на шампионите каде имал просек 12,3 поени и 5,9 скокови на 16 одиграни натпревари.
На 7 мај 2018 година, потпишал краткорочен договор вреден до крајот на сезоната 2017-2018 со италијанската екипа Скандоне Авелино.[12] Тој одиграл само четири натпревари за клубот, сите во првата рунда на плејофот на италијанската лига против Аквила Баскет Тренто, бележејќи просечно 12,3 поени и 2,5 скокови. На 13 јули 2018, Ауда потпишал за друга италијанска екипа, Пистоја, во пресрет на сезоната 2018-2019.[13] Дебитирал на 7 октомври 2018, реализирајќи 15 поени во поразот со 83-77 на гостувањето кај Викторија Либертас Пезаро.[14] На 4 ноември 2018, регистрирал дабл-дабл учинкок со 17 поени и 11 скокови во натпреварот против Алма Трст.[15] Сезоната 2018-2019 ја завршил со 26 одиграни натпревари и просек од 11,4 поени и 4,7 скокови.
Во 2019 година, Ауда потпишал договор со француската екипа Булазак, кој бил раскинат во јули 2020 година.[16] На 3 август 2020, како слободен играч се преселил во јапонската Јокохама Б-Корсејрс.[17]
Во 2014 година, Ауда играл за чешката репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2015. Следната година, тој ја претставувал својата земја на Евробаскетот 2015, каде играл во сите 9 натпревари на својата земја бележејќи во просек 4,1 поени и 1,6 скокови. Чесите стигнале до четвртфиналето, каде биле елиминирани од Србија.
Две години подоцна, тој настапил на Европското првенство 2017, каде во просек имал 11,2 поени, 2,4 скокови, 1 асистенција и 1,2 украдени топки по натпревар. Сепак и покрај одличната статистика тој не можел да и помогне на својата репрезентација да ја мине првата фаза, завршувајќи на петтото место во групата со само една победа и четири порази.
Во 2019 година, Ауда играл за чешката репрезентација и на мундијалот во Кина. Во третиот натпревар од групната фаза кој одлучувал која репрезентација ќе мине во втората фаза, Ауда одиграл одлично со 16 поени и 9 скокови водејќи ја Чешка до победата од 91-78 над Турција. Чешка стигнала до четвртфиналето, каде Ауда уфрлил 21 поен, но тоа не било доволно да ја совладаат репрезентацијата на Австралија која победила со 82-70.
Сезона | Екипа | Лига | ОН | С5 | МПН | ШИ% | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УкПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2010-2011 | Сетон Хал Пајретс | NCAA | 24 | 1 | 15,3 | 46,4% | 40,7% | 66,7% | 2,5 | 0,5 | 0,4 | 0,4 | 3,2 |
2011-2012 | Сетон Хал Пајретс | NCAA | 34 | 26 | 24,0 | 50,3% | 33,3% | 65,1% | 4,0 | 1,1 | 0,7 | 0,3 | 6,8 |
2012-2013 | Сетон Хал Пајретс | NCAA | 5 | 2 | 25,4 | 50,0% | 16,7% | 62,5% | 3,4 | 1,2 | 0,6 | 0,4 | 7,6 |
2013-2014 | Сетон Хал Пајретс | NCAA | 27 | 21 | 24,4 | 53,6% | 33,3% | 75,8% | 4,5 | 1,5 | 0,6 | 0,4 | 9,6 |
Вкупно во кариерата | 90 | 50 | 22,2 | 50,0 | 31,0 | 67,5 | 3,6 | 1,0 | 0,5 | 0,3 | 6,8 |
Сезона | Екипа | Лига | ОН | С5 | МПН | ШИ% | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УкПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2014-2015 | Полфармекс Кутно | ПКЛ | 27 | 24 | 26,9 | 60,0% | 26,0% | 80,5% | 4,3 | 1,6 | 0,7 | 0,2 | 13,7 |
2015-2016 | АЗС Кошалин | ПКЛ | 26 | 11 | 28,4 | 49,3% | 34,8% | 75,0% | 6,5 | 1,5 | 0,9 | 0,4 | 14,4 |
2015-2016 | Манреса | АЦБ | 10 | 7 | 23,6 | 42,0% | 37,5% | 79,4% | 4,6 | 0,6 | 0,7 | 0,2 | 9,1 |
2016-2017 | Манреса | АЦБ | 25 | 21 | 23,9 | 52,7% | 48,6% | 81,4% | 3,9 | 0,8 | 0,4 | 0,0 | 9,6 |
2017-2018 | Роса Радом | ПКЛ | 35 | 21 | 23,2 | 55,7% | 33,9% | 76,0% | 4,7 | 1,2 | 0,5 | 0,2 | 13,1 |
2017-2018 | Скандоне Авелино | Серија А | 4 | 0 | 17,8 | 67,9% | – | 78,6% | 2,5 | 0,0 | 0,5 | 0,3 | 12,3 |
2018-2019 | Пистоја | Серија А | 27 | 22 | 25,0 | 52,2% | 35,5% | 69,1% | 4,6 | 0,9 | 0,6 | 0,2 | 11,2 |
2019-2020 | Булазак | Про А | 25 | 19 | 22,0 | 61,2% | 50,0% | 71,0% | 3,7 | 0,8 | 0,3 | 0,2 | 12,4 |
2020-2021 | Јокохама Б-Корсејрс | Б.Лига | 53 | 21 | 25,4 | 56,4% | 39,6% | 62,5% | 5,5 | 2,0 | 0,6 | 0,3 | 15,6 |
Вкупно во кариерата | 232 | 146 | 24,0 | 55,2% | 33,9% | 74,8% | 4,4 | 1,1 | 0,5 | 0,2 | 12,3 |
Сезона | Екипа | Лига | ОН | С5 | МПН | ШИ% | 3П% | СФ% | СкПН | АсПН | УкПН | БлПН | ППН |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
2017-2018 | Роса Радом | Лига на шампиони | 16 | 16 | 24,8 | 54,9% | 15,8% | 71,6% | 5,9 | 0,9 | 0,8 | 0,0 | 12,3 |
Вкупно во кариерата | 16 | 16 | 24,8 | 54,9% | 15,8% | 71,6% | 5,9 | 0,9 | 0,8 | 0,0 | 12,3 |
|date=
(help)
|date=
(help)