Пајонски | |
---|---|
Застапен во | Македонија, јужна Србија (првенствено Косово), северна Грција, југозападна Бугарија |
Изумрен | веројатно 1 век п.н.е. - 2 век н.е. |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-2 | - |
ISO 639-3 | xli |
Пајонски јазик — малку истражениот јазик на античките Пајонци, чие кралство некогаш се простирало северно од Македон и во Дарданија и, во најраните времиња, во југозападна Тракија.
Од класични извори познати ни се неколку пајонски зборови:
Постојат наоди за ред антропоними (некои само преку пајонските монети), како и за неколку топоними (Билазора, Астибо) и неколку теоними (Дриал, Диал, пајонскиот Дионис), како и следниве:
Класичните извори обично ги сметаат Пајонците за посебен народ, различен од Тракијците и Илирите, со свој етнос и јазик. Атенеј го поврзува пајонскиот со мисискиот јазик, кој и самиот е малку истражен. Доколку ова е точно, тоа би значело дека пајонскиот бил анадолски јазик.
Од друга страна, Пајонците од некоисе сметале за потомци на Фригијците, што би значело дека пајонскиот ѝ припаѓа на истата група јазици како и фригискиот.
Современите јазичари се нерешени за класификацијата на пајонскиот јазик, заради екстремната оскудност на материјали за него. Од една страна Вилхелм Томашек и Паул Кретшмер тврдат дека тој им припаѓал на илирските јазици, а од друга страна Димитер Дечев, тврди дека јазикот бил сроден на тракискиот.
Меѓутоа, по сè изгледа дека пајонскиот бил различен и од двата. Тој ја поседува одликата a/o и не изгледа дека е кентумски јазик.