Певница

Н.К. Зацепин . „Монахињи во певница“, 1852 година

Певница[1][2] или клирос[3][4] (грчки: κλῆρος — распределба, дел, доделено место[5][6][7]) - место во православната црква каде што се наоѓаат певците и чтеците за време на богослужбата. Певницата и оние што пеат во неа претставуваат хорови ангели кои ја воспеваат славата Божја.

Појава на певницата

[уреди | уреди извор]

Речиси секој православен храм има две певници - десна и лева: или на издигнатиот предолтар дел од црквата, од страните на солејата или во храмскиот дел од црквата во аглите. Певницата, по правило, е одвоена од останатите парохјани. Певците на певницата се или на малку подигнат дел од подот или опкружени со мали украсни огради направени од дрво, мермер или ковано железо. Во центарот на певницата има аналој за еден или повеќе певци или чтеци.

Во некои храмови, пејачите пеат на балкон (хорови), спроти олтарот.

Друго значење

[уреди | уреди извор]

Клирос може да се нарекува и хор (колектив) од пејачи. Во многу православни богослужбени книги се користи зборот „лик“, што на црковнословенски значи „хор“.

Во грчките цркви, на секојдневните богослужби, кога царските двери не се отвораат, свештеникот не влегува во олтарот и ја извршува целата служба на амвонот и на певницата. Во овој случај кадилницата се пали и на певницата.

  1. „певница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „певница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „клирос“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „клирос“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. из древнегреческо-русского словаря И. Дворецкого
  6. „Этимология слова клирос“ (руски). ΛΓΩ. Архивирано од изворникот на 2020-09-19. Посетено на 2019-07-30. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  7. „📌 kliros“ (англиски). hrvatski.enacademic.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-30. Посетено на 2019-07-30. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)