Пекарката од Монсо

„Пекарката од Монсо“ (француски: La Boulangere de Monceau) — француски краткометражен филм од 1963 година, во режија на Ерик Ромер, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Барбет Шредер (Barbet Schroeder), Клодин Субрие (Claudine Soubrier) и Мишел Жирардон (Michele Girardon). Филмот е дел од циклусот „Морални приказни“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден студент случајно здогледува убава девојка на улицата и се вљубува во неа. Една, тој успева да се запознае со неа, но потоа не може да ја сретне долго време. Еден ден, тој случајно влегува во пекарница, а потоа продолжува редовно да оди таму. На крајот, тој закажува состанок со продавачката, но веднаш потоа ја среќава девојката во која е вљубен и со неа заминува на вечера. Потоа, тие стапуваат во брак.[1]