Пелистерски каранфил | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Каранфили |
Род: | Каранфил L. |
Типски вид | |
пелистерски каранфил |
Пелистерски или полегнат каранфил (Dianthus myrtinervius) — вид каранфил карактеристичен за Македонија, Албанија и Грција.[1] Пелистерскиот каранфил претпочита добро исцедена неутрална до алкална почва, може да се одгледува во каменити градини, подигнати леи или покрај патеки.
Само еден подвид во моментов се смета за валиден.[1] Истиот е прилично џуџест и формира групи.[2]