Периурбанизација — збир на процеси на дисперзивен урбан раст коишто создаваат хибридни предели со фрагментирани урбани и рурални одлики.
Изразот потекнува од францускиот збор périurbanisation, што дури го користи INSEE[1] (француската агенција за статистика) за да опише простори - помеѓу градот и селата - кои се обликуваат од урбанизацијата на поранешните рурални области во урбаниот раб, и во квалитативна (на пр. дифузија на урбан начин на живот) и во квантитативна (на пр. нови станбени зони) смисла. Честопати се гледа како резултат на постмодерноста (не постмодернизмот). Во науката, терминот се користел првично во Франција и Швајцарија.
Пери-урбаните области (исто така наречени рурален простор, периферија или заднина) се дефинираат според структурата што произлегува од процесот на пери-урбанизација. Може да се опише како пејзажен интерфејс помеѓу град и земја,[2] или исто така како рурална - урбана зона на транзиција каде урбаната и руралната употреба се мешаат и често се судираат.[3] Така, може да се гледа на овие области како вид самостоен пејзаж, изграден од интеракцијата на урбаната и руралната употреба на земјиштето.
Неговата дефиниција се менува во зависност од глобалната локација, но типично во Европа каде урбаните области интензивно се справуваат со спречување на распрснување на урбаните средини и заштита на земјоделско земјиште, урбаниот раб ќе се одликува со одредени употреби на земјиште кои или намерно се оддалечиле од урбаната област, или бараат многу поголеми земјишни делови. Како примери:
И покрај овие урбанистички употреби, работ останува во голема мерка отворен со поголемиот дел за земјоделското и шумското земјиште или друга рурална употреба. Сепак, квалитетот на село околу урбаните области има тенденција да биде низок, со одвојување помеѓу областите на отворено земјиште и лошо одржуваните шуми и живи огради.
Освен структурната дефиниција, овој концепт понекогаш се користи за пополнување на јазот помеѓу субурбанизација и ексурбанизација, а со тоа се поврзува и со движењето на луѓето низ просторот. Во овој случај, на пери-урбанизацијата се гледа како на проширување на функционалните рурално-урбани врски како што е патувањето.