Перо Зубац

Перо Зубац
Роден/а30 мај 1945
Невесиње

Перо Зубац (Невесиње, 30 мај 1945) е српски и југословенски книжевник и почесен претседател на политичката партија Зелени-социјална правда.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното место Невесиње, а експериментална гимназија во Лиштици и Зрењанин. Студирал книжевност на јужнословенските народи на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Член на здружението на новинари на Југославија, Друштвото на книжевници на Војводина и здружението на книжевници на Србија.

Објавил 50 книги поезија, 20 книги песни за деца, една книга есеи („Тие денови“, Стражилово, Нови Сад, 1976), лирска студија за Ленка Дунѓерска, три книге пародија на југословенската поезија (Пантологија нова, Смејуљци, Перодија), 16 антологии на југословенски и странски песни. На странски јазици му се преведени 7 книги (две книги на македонски, две на албански, една на унгарски, една на италијански и една на романски јазик), а песните му се преведувани на дваесет светски јазици. Се наоѓа во десет странски и преку триста српски антологии за песни и песни за деца.

Бил главен уредник на студентскиот весник Индекс, главен и одговорен уредник на списанија за култура Полиња во Нови Сад, уредник на загребачката ревија Полет, уредник на скопски Мисли, списанијата „Детство“, на Змајевите детски игри и списанијата за деца „Витез“ од Белград, соработник на бројни југословенски ревии, списанија и весници. Како новинар, имал свои колумни и фељтони во „Борба“ (Белград), „Победа“ (Подгорица), „Свет“ и „Недела“ (Сараево), „Око“ (Загреб), „Дневник“ (Нови Сад), „Полет“ (Загреб), „Труд“ (Белград), „Гласот на младината“ (Нови Сад), „Уна“ (Сараево), „Суботички вести“ (Суботица)...

Ја објваил(со Горан Бабиќ, Лука Паљетка, Владимир Николиќ) драмата “Мудбол”, изведена во 1968 година, драмата „Николетина се врати“ (со Драган Јерковиќ), изведена во Белград во 2000 година, ТВ драмата “Избацивач”, која е емитувана во 1979 година, на ТВ Нови Сад и ТВ Белград. Го напишал либретото за балетот „Бановиќ Страхиња“ на Стевана Дивјаковиќ и либретото за операта “Ленка Дунѓерска” на Мирослава Штаткиќ.

На стиховите на Перо Зубац се компонирани повеќе кантати, соло песни, ораториуми, а за своите стихови ги добил и најзначајните награди на југословенските фестивали во Опатија, Белград, Подгорица, Ниш, Долни Милановац, Панчево, Рожај, Никшиќ.

Напишал сценарија за 8 документарни филмови и целовечерниот филм „Центар на филмот“ од Белград за Јован Јовановиќ Змај. Добил Златна повелба на меѓународниот Белградски фестивал на документарен и краткометражен филм за сценариото на филмот „Пинки“ на Карољ Вичек.

Реализирал педесетина мултимедијални спектакли (Денови на младоста, логорски огнови, отворање на олимписки натпревари), а како телевизиски автор и уредник напишал и реализиларал преку четиристотини сценарија за документарни, музички, забавни, уметнички и емисии за деца и млади. Уредник е на популарната југословенска серија за деца „Музички тобоган“ и „Фазони и фори“.

Бил уредник на популарната серија за класична музика на Радио-телевизија Србија „Хармонија сфера“, шеснаесет филмови за современи композитори на класична музика.

Признанија

[уреди | уреди извор]

За книжевните работи наградуван е со значајни југословенски награди како што се: „Награда за полнолетство“ ОК ССО Нови Сад, “Горанов венец”, „Горанова плакета“ за книжевност за деца, „Јован Поповиќ“, „Жарко Васиљев“, Октомвриска награда на Нови Сад, Повелба на Нови Сад, Награда за ослободување на Мостар, Златна плакета од градот Вуковар, Голема повелба на град Краљево, Награда за ослободување на Кикинда, „Златна капка на сонцето од Мостар“, „Стражилово“, „Змајев стап“, Награда на Сремски Карловац „Павле Адамов“, Годишна награда на Радио Белград, Наградата „Змајевите детски игри” за книжевност за деца, наградата „Стара маслина“ за книжевност за деца, Бар, „Гашино перо“, Лазаревац, за животно дело за книжевност за деца, „Златно клуче“ на Смедеревската поетска есен за книжевност за деца, Златна чаша на манифестацијата „Чаша вода од извор”, Награда за ослободување на Војводина.

Застапен е во читанките и лектирите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Објавил повеќе текстови за југословенската периодика на теми од советската и руската уметност. Пишувал за Сергеј Есенин , Владимир Мајаковски, Борис Пастернак , М. Цветаева, О. Мандељштам, Владимир Висотски и други.

Поемата „Мостарски дождови“ во превод на Ирина Чивилихина, ја објавил во московскиот весник “Работничка” (февруари 1988 година) во тираж од 19.750.000 примероци. Неколку негови песни се преведени на руски јазик и објавени во руските ревии. Поемата „Руска илузија“ е објавена и на италијански јазик, во Бари 2001. године.

Преводите на Перо Зубац на поетите на руските војници паднати во татковинската војна, посебно песната Захар Гордиски, се објавени во Југославија, а песната „Кога часовите на смртта ќе ми станат блиски“ долги години била популарна помеѓу младите во Југославија.

Перо Зубац живее и твори во Нови Сад. До пензионирањето, бил вработен во Радио-телевизија Србија, Телевизија Нови Сад, како одговорен уредник на Редакцијата за програма за деца и младинци.

  1. „Зелени-соцјална правда“. Архивирано од изворникот на 2020-02-19. Посетено на 2017-12-17.