Песодер Πισοδέρι | |
---|---|
![]() Црквата „Св. Петка“ во Песодер | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°47.10′N 21°14.49′E / 40.78500°N 21.24150°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | 1.400 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 17 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Песодер или Писодер (грчки: Πισοδέρι, Писодери) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 17 жители (2021) — сите Власи.
Селото е сместено 16 км западно од Лерин, високо во јужната падина на планината Баба.
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. како Ипсодер во кое живееле 12 семејства.[2] На крајот на XIX век Песодер било влашко село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Писадер (Pissader) било село во Леринската каза со 25 домаќинства и 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песодеръ живееле 750 Власи.[5] Забуната веројатно се должи на тоа што Песодер тогаш било релативно ново село, создадено од Власи дојдени од Епир бегајќи од зулумите на тамошните разбојнички банди,[6] на местото на старата истоимена македонска населба.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Писодер се води како чисто влашко село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 130 куќи.[7]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песодер (Pessoder) имало 480 Власи, и во него работеле грчко и влашко училиште.[8]
Селото било една од главните бази на Грчката вооружена пропаганда во Западна Македонија.[9] Во параклисот „Св. Петка“ во 1904 г. гркоманскиот поп Ставрос Цамис ја погребал главата на големогрчкиот деец Павлос Мелас — основоположник на грчката вооружена пропаганда.[9][10] Во следниот период, Боривое Милоевиќ го завел Песодер како село со 200 влашки куќи.[6]
По Балканските војни во 1923 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 727 жители.[6] Властите го затвориле влашкото училиште во селото со намера да го погрчат населението.[11] На пописот од 1920 г. бројот на жители опаднал на 532, а во 1928 г. Песодер имал 457 жители.[6]
Во 1940 г. во селото се попишани 484 жители. За време на Грчката граѓанска војна кај Песодер се одвивале разни борби.[12][13] поради што добар дел од населението се засолнил во градовите, и по војната доста од нив не се вратиле во селото. Поради ова, во 1951 г. Песодер имал само 143 жители кои опаднале на 106 во 1961 г. Иселувањето продолжило и понатаму, па во 1971 г. Песодер имал 48 жители.[6] Во 1981 г. тука живееле 30, а во 1991 г. — 25 жители. На пописот од 2001 г. се е забележан пораст на населението на 68 жители кои сепак, на следниот попис во 2011 г. паднале на само 7 лица.
Според истражување спроведено во 1993 г. селото е чисто влашко и влашкиот език е зачуван на високо ниво.[14]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 484 | 143 | 106 | 48 | 30 | 25 | 68 | 7 | 17 |
Во минатото селаните се занимавале само со сточарство, а во поново време застапено е шумарството и одгледувањето на компири.[6]
|date=
(help)
|