Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1892 до 1894 |
Вид | Маслена слика на платно |
Димензии | 88.9 на 116.2 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Пладневна починка (француски: La Sieste) ― слика од масло на платно од 1892-1894 година од Пол Гоген, сега во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк.[1] Насликана е за време на првото продолжено патување на Гоген на островот Тахити.
Сликата е непретенциозна претстава на група Тахиќанки во западна облека што разговараат во ладната сенка на чардакот за време на жешкото попладневно сонце. Една од жените си пегла.[2] Иако темата била аспект на секојдневниот живот, Гоген работел на платно во текот на долг период, правејќи неколку промени - торбата за пазарење во преден план, на пример, претходно било куче.