Плоштадот Марижа (на арапски: ساحة المرجة, Сахат ал-Марижа), познат и како Плоштадот на мачениците (на арапски: ساحة الشهداء, Сахат ал-Шухада) е плоштад сместен во центарот на Дамаск, Сирија.
Плоштадот бил изграден и пуштен во употреба при крајот на XIX век од страна на отоманските власти. На 6 мај 1916 година, Сирискиот Ден на мачениците, седум сириски национални активисти биле погубени од страна на отоманските власти на плоштадот. Таквите дејствија кај овој плоштад продолжиле и со доаѓањето на Французите во Сирија, но и на други земји. Поради таквите чинови, плоштадот понекогаш се нарекува и како Плоштад на мачениците.[1]