Поделба на Косово

Хипотетички идна територија на Република Косово (наречено "Косово" на мапата), со делот на Северно Косово да припаѓа на Република Србија

Поделба на Косово е сугерирана како конечно решение за Косовскиот проблем меѓу СР Југославија и Република Косово. Можната поделба ќе биде поделба на Косово на етнички линии, одделувајќи го српски населеното Северно Косово и некои енклави на југ, од остатокот на албански населеното Косово. Поделбата е предложена неколкупати дури и пред Косовската независност од 2008, иако прашањето било повторно актуелно во текот на кризата во Северно Косово.

Историја

[уреди | уреди извор]

На 30 април 1999, на јавен говор, Маргарет Тачер изјавила дека се противи за да се подели Косово.[1]

Исцртување на линијата

[уреди | уреди извор]

Поделбата на Косово значи поделба на Косово јужно од реката Ибар.[2][3] Северно од реката претежно е со српско мнозинство, додека јужниот дел од реката е претежно албански.[4] Исто така има неколку Косовско Српски енклави јужно од Ибар, кои се предложени да бидат вклучени во можната поделба на Косово.[се бара извор] Северно Косово е контролирано од Собранието на Заедницата на општините на автономната покраина Косово и Метохија, регионална влада лојална на Белград;[5] Додека останатиот дел од Косово е под контрола на Владата на Република Косово.

  1. MEMORANDUM TO: OPINION LEADERS - April 30, 1999 Архивирано на 14 март 2012 г., на мрежното место на Project for the New American Century
  2. „Kosovo partition on the table“. BBC News. 12 August 2011. Посетено на 3 October 2011.
  3. „Serbia Formally Proposes Ethnic Partition of Kosovo“. New York Times. 25 March 2008. Посетено на 3 October 2011.
  4. BBC, Could Balkan break-up continue?, 22.02.08
  5. „Serbs form rival Kosovo assembly“. BBC News. 2008-06-14. Посетено на 2011-10-03.