Полициски филм, исто така познат како италијански полициски филм, бил популарен италијански филмски жанр помеѓу 1960-тите и раните 1980-ти, достигнувајќи го својот врв во средината на 1970-тите. Темите генерално се засновале на полициски истраги, честопати инспирирани од вестите за црна хроника од тој период кои служеле како појдовна точка на приказните, што понатаму се обработувале од критички или демаголошки аспект.
Потеклото на полициските филмови често се поврзува со детективските приказни. Прв од низата полициски филмови е Corte d'Assise во режија на Гуидо Брињоне. Се работи за драма во судница, главните улоги ги толкуваат Елио Штајнер и Лаја Франка. Тоа е воедно и вториот италијански звучен филм дистрибуиран во кино салите во јануари 1931 година (прв бил филм La canzone dell'amore).
Но, како најпопуларен се издвојува Svegliati e uccidi (1966), во режија на Карло Лицани со Роберт Хофман во улога на миланскиот криминалец Лучијано Лутринг. Други филмови кои датираат од почетоците на новиот жанр се: Banditi a Milano (1968), исто така во режија на Лицани со Томас Милијан во улога на наполитанскиот комесар и Џан Марија Волонте во улога на торинскиот криминалец Пјетро Кавалеро, La polizia ringrazia на Стефано Ванцина (познат како Стено) од 1972 година, со Енрико Марија Салерно, инспириран од приказната за државниот удар во Боргезе (Golpe Borghese), но пред сè познат е филмот La polizia incrimina, la legge assolve режиран од Енцо Г. Кастелари во 1973 година со Франко Неро во главната улога, кој го дефинираше жанрот. Полицискиот филм постигнал голем успех меѓу публиката (како италијанска, така и интернационална) сè до 1981 година, кога речиси целосно престана снимањето на вакви филмови.
Италијанскиот полициски филм е тесно поврзан со американските полициски филмови од тој период, во кои главните теми биле бескомпромисните службеници, честопати насилни и припадници на деградирано општество, како: Serpico во улога на Ал Пачино, инспекторот Калаган, филмови во режија на Клинт Ествуд, поручник Булит во улога на Стив Меквин, поручникот Паркер во режија на Џон Вејн и Попај, полицаецот од The French Connection, во улога на Џин Хакман. Во Италија жанрот ја достигнал својата кулминација со фигурата на комесарот Бети, во улога на Маурицио Мерли, од истоимената трилогија Commissario Betti.
Полицискиот филм го отсликувал италијанското градско општество обработувајќи проблематики актуелни од тој период, како: организиран криминал, трговија со оружје, проституција, тероризам, трговија и конзумирање на дрога, киднапирања, критика на судскиот систем, многу теми и до ден денес присутни.
Протагонисти на полициските филмови се речиси секогаш полициски комесари со уникатни одлики: неразбрани од нивните претпоставени, некогаш анархисти, но во суштина искрени, великодуши и целосно посветени во борбата за правда. По својата природа секогаш се стремат да ги постигнат дадените цели, користејќи ги истите методи, гледајќи на работите од аспект на криминалците и терористите, нивните антагонисти кои ја крвареа Италија во тој период. Не се дефинираат како моралисти, често прават разлика меѓу оној што краде за да преживее (до мера и да го толерираат) и оној што намерно им наштетува на другите.
Поретко, главните ликови се обичните граѓани кои откако биле жртви на некоја криминална епизода (грабежи, тепања, киднапирања, убиства на најблиски) и од прва рака ја искусиле неефикасноста на италијанскиот правен систем, па одлучиле самите да ја бараат правдата и станале еден вид одмаздници. Понекогаш се служат со криминални методи, па затоа трпат казни на силите на редот. Ова е тема во филмовите: Il cittadino si ribella, Il giustiziere sfida la città и L'uomo della strada fa giustizia.
Комичниот полициски филм се смета како поджанр на овој вид. Славата ја стекнал со римскиот комесар Нико Гиралди наречен Нико Ер Пирата од 1976, како идеја од Бруно Корбучи и Марио Амендола, во улога на Томас Милијан и синхронизиран од Ферначо Амендола. Серијалот на комесарот Гиралди е различен од добриот криминалец Серџо Мараци наречен Ер Монеца, исто така Римјанин и во улога на Томас Милијан, синхронизиран од Феручо Амендола, филм кој и покрај комичните сцени се вбројува меѓу драмските полициски филмови.
Комичниот полициски филм добива и наполетанска вена со комесарот Рицо наречен Пиедоне во улога на Бад Спенсер.
Иако Trilogia del milieu, во режија на Фернандо ди Лео често се смета за полициски филм (во која протагонистите се криминалци), но според одликите се доближува до ноар и трилер филмовите.
Разликата во стилот помеѓу полициски филм и полицискиот ноар е склоноста кон акцијата и насилството, кои се доста изразени и експлицитни. Насловот речиси секогаш се однесува на полицајците и нивната желба за одмазда, наместо на истрагите и победата на законот над деликвенцијата.
Полициските филмови се сметаат и за поджанр на: ноар, хорор (доближувајќи се и до сплатер жанрот, популарен во Италија во средината на шеесетите благодарение на режисери како: Дарио Арџенто, Марио Бава и Лучо Фулчи) како и на италијанскиот вестерн. Блискоста со италијанскиот вестерн се должи во претставувањето на Дивиот Запад, топос во италијанските филмови од тој период.
Во главно, италијанските критичари не го сакале овој жанр, честопати филмовите биле осудувани дека пренесуваат реакционерни пораки на фашизам, на политички квалунквизам, дека упатуваат критики на правниот систем и дека претставуваат апологија на насилството и обвинувањата. Статиите биле често маргинални и секогаш омаловажувани, а често ги критикувале авторите дека прикажувале приказни и ликови слични на самите нив.
Од средината на деведесеттите, благодарение на жанровските списанија како што се: Nocturno и Cine 70, овој вид филмови беше повторно оценет: меѓу неговите поддржувачи, режисерот Квентин Тарантино постојано повторуваше дека ги цени режисерите, како и жанрот сам по себе.[1]
Најпознати актери од овој жанр се: Марио Адорф, Марсел Боцуфи, Клаудио Касинели, Џо Далесандро, Франко Гаспари, Џулијано Гема, Ричард Харисон, Џорџ Хилтон, Реј Лавлок, Леонард Ман, Лук Меренда, Маурицио Мерли, Томас Милијан, Франко Неро, Марк Порел, Иван Расимов, Антонио Сабато, Енрико Марија Салерно, Џон Саксон, Хенри Силва и Фабио Тести .
Од глумиците се издвојуваат: Барбара Буше, Флоринда Болкан, Агостина Бели, Лаура Бели, Мартине Брочард, Силвија Дионизио, Олга Карлатос и Лучана Палуци .
Меѓу најактивните режисери во жанрот се: Енцо Г. Кастелари, Умберто Ленци, Стелвио Маси, Фернандо ди Лео, Бруно Корбучи, Масимо Даламано, Дамијано Дамјани, Серџо Мартино и Дучо Тесари.
|date=
(help)