Полтава (Пушкин)

Марија

„Полтава“ — поема на рускиот поет Александар Пушкин, напишана во 1828 година. Таа е инспирирана од Полтавската битка која се случила на 27 јуни 1809 година. Пушкин ѝ ја посветил поемата на Марија Волконска, ќерката на генералот Раевски. Првобитно, поемата била насловена „Мазепа“, но Пушкин во последен момент го променил насловот во „Полтава“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Осврт кон поемата

[уреди | уреди извор]

Во поемата Пушкин го обработува ликот на козачкиот атаман Мазепа, кој е главен лик и во истоимената поема на Бајрон. Меѓутоа, Пушкиновото дело драстично се разликува во споредба со Бајроновото, зашто „Полтава“ е типична реалистична слика на времето на Руско-шведската војна, додека Бајрон се задржал само на познатата легенда за Мазепа кој бил врзан за дивиот ждребец пуштен во ноќта, а историската позадина ја искористил само како декор за необичната исповед на козачкиот атаман, раскажана во логорот на поразената шведска војска. Кај Пушкин не се споменува ниту еден од романтичните податоци за младоста на Мазепа кои на Бајрон му послужиле за градење на неговата поема. Пушкиновиот Мазепа е старец, трагичен лик, распнат меѓу долгот кон жената, пријателите и татковината, човек кој не успева да одговори на ниедна од тие морални обврски и ја изневерува секоај од нив во името на другите. Кај Пушкин, руско-шведската војна и познатата козачка буна, предводена од Мазепа, ја прават суштината на поемата и служат како клуч на судбината на сите ликови во неа.[1]

  1. Milorad Pavić, „Predgovor“, во: A. S. Puškin, Lirika. Beograd: Rad, 1979, стр. 15-16.