Понтал, познат и како Рекрејо дос Бандејрантеш или само како Рекрејо — мал полуостров и плажа во населбата Рекрејо, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил,[1] кој привремено се користел за одржување на атлетските натпревари во брзо одење и велосипедската хронометарска трка на Летните олимписки игри 2016.[2][3]
Велосипедските хронометарски трки во машка и женска конкуренција на Летните олимписки игри 2016 се одржале на 10 август на патеката Грумари во должина од 29,8 км. Почетната точка на трката бил плоштадот Тим Маја (Понталски Пат), потоа трката продолжила на патеката Грумари пред да се стигне до првото искачување по 9,7 км и второто искачување по 19,2 км, а завршната точка била кај Ав Луција Коста во Понтал.[4]
Патеката во должина од 24,8 км исто така се користела и за друмските трки.
Патеката за атлетските трки во брзо одење на 20 км и 50 км започнале и завршиле кај Ав Луцио Коста. Натпреварите на 20 км се одржале на кружна патека во должина од околу 1 км околу Ав Луцио Коста и Понталскиот Пат меѓу пресечните точки на улиците Прожектада (запад) и Хелио де Брито (исток). Патеката на 50 км претставувала продолжување на онаа на 20 км за дополнителен 1 км до пресечната точка на Понталскиот Пат и улицата Жералдо Иринео Жофили (запад).[9]