Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Анатомијата (од грчки: ana tomia — одстранување на делови-органи и ткива надвор од телото; вадење) е биолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.
Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија — наука за мускулите, остеологија — наука за коските, артрологија — наука за зглобовите, спланхнологија — наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.
Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија. Прочитајте повеќе
Черепниот мозок претставува виш нервен центар и е дел од централниот нервен систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници — птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден (мал) мозок и продолжен мозок. Прочитајте повеќе
|
Еве неколку интересни задачи :
|