Општина Преспа Δήμος Πρεσπών | |
---|---|
Стари куќи во с. Герман
| |
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Лерин |
Гео. област: | Долна Преспа |
Население: | 2.180 (2021) |
Седиште: | Р’мби |
Нас. места: | 20 |
Пошт. бр.: | 530 77 |
Пов. бр.: | 23850-51 |
Портал: | prespes.gr |
Преспа (грчки: Δήμος Πρεσπών, Димос Преспон) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Зафаќа површина од 514.8 км2. На север се граничи со Општина Ресен (Р Македонија), на запад со областа Горица (Албанија), а на југ и запад со окрузите Костур и Лерин. Административен центар е селото Р’мби (денес Лемос).
Според пописот од 2021 година, општината имала 1,211 жители, со густина на населеност од 2.353/км2. При споредба на пописите од 2011 и 2021, населението во општината има негативен тренд, односно опаднало за -2.4%.[1]
Во однос на државјанство, според пописот од 2011 година 1,376 (88.2%) граѓани имале грчко државјанство, 5 граѓани имале државјанство на некои од земјите на Европската Унија и 179 граѓани имале државјанство на друга држава.[2]
Категорија | Жители | Проценти |
---|---|---|
Во истата општина | 956 | 61,3% |
Во друга општина, но во истиот округ | 52 | 3.3% |
Во друг округ | 298 | 19.1% |
Во друга држава | 254 | 16.3% |
Општината Преспа е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на две стари административни единици — општината Преспа и општинската целина Смрдеш. Важи за планинска општина.[3]
Општинската единица Преспа е сместена на територијата на историско-географската област Голема Преспа (дел од Долна Преспа), која во Грција денес се нарекува само Преспа (Πρέσπες, Преспес). Во неа влегуваат следниве општински оддели и населени места:
На територијата на општинската единица има и неколку села кои денес немаат постојано население или се во рушевини:
Општинската единица опфаќа три села од областа Корешта, кои традиционално се сметаат за костурски, а не лерински. Општинската единица Смрдеш е со седиште во с. Смрдеш (Кристалопиги).
На територијата на општинската единица се наоѓало и иселеното село В’мбел (Мосхохори), кое административно се води како дел од Смрдеш.
„Преспа (општина)“ на Ризницата ? |
|
|