Прокопиј Цариградски

Прокопиј ЦариградскиВселенски патријарх кој начествувал во периодот од 1785 година до 1789 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Алагонија Каламата во Месинија во 1734 година. На возраст од 12 години заминал по стапките на постариот брат Неофит, кој му помогнал да го заврши основното образование. Подоцна се стекнал со титулата ѓакони кога тој починал во 1759 година го наследил Прокопиј на барање на жителите во митрополијата.

Останал во оваа диоцеза единаесет години сè до 1770 година кога бил повикан да служи во црквата во Смирна, која успеал да ја доведе во ред, по нередите кои ги предизвикал неговиот претходник Калиник. Прокопиј станал ѓакон и канцелар на митрополитот, и подоцна маченик Григориј V. Во тој период биле изградени многу храмови но не успел да добие дозвола да се обнови црквата Аја Фотини.

Во периодот од 1780 до 1782 година Прокопиј бил член на синодот на Вселенската патријаршија и живеел во Истанбул.

На 29 јуни 1785 година тој бил избран за Вселенски патријарх. Тој бил аскет, скромен и работлив. Се справил со административните и финансиските прашања во патријахатот, обидувајќи да го ограничи надворешното влијание во верските работи. Па така дошло до судир со владетелот на Молдавија,Александр II Маврокордат, поради изборот на митрополитот на Молдавија епископот Лав.

Во 1787 година била втората руско-турска војна и султанот го приморал да ги искритикува сите востанички движења, и да собере дополнителни даноци и ќивотни материјали за да се зајакнат османските војски. Овие постапки предизвикале негативни дејства и создале бројни непријатели. Со указ на султанот Селим III бил приморан да се повлече на 30 април 1789 година и бил протеран во големиот манастир на Света Гора.

Во 1797 година се вратил во својот роден град. Таму живеел во ќелија во близина на цркавата Св. Никола Сицовашки. Прокопиј најверојатно починал во 1803 година а според друга верзија во 1814 година и бил закопан во близина на црквата. Подоцна неговите останки биле префрлени во манастирот Мардаки.

Претходник
Гаврил IV
Цариградски патријарх
1785-1789
Наследник
Неофит VII