Овој вид на пеперутки живее во скоро цела Европа, вклучително и Македонија, па сè до западна Азија.[5] Овие пеперуги сакаат чисти и тревни површини, најчесто влажни средини. Претпочитаат сончеви средини на надморска висина од 300 до 2300 метри.[6][7]
Пролетната еребија има распон на крилја од 44 до 52 мм.[8] Антените се малку заоблени. Крилјата на горната страна се темнокафени. Покрај краевите има портокалови шари со црни дамки и бели зеници. Бројот на дамките варира. Женките се најчесто посветли.[6] T Јајцата се бели. Гасениците достигнуваат 20 мм должина и се зеленкасти.
Женките ги полагаат јајцата единечно или во мали групи. Гасениците се хранат со Gramineae, Digitaria, Milium effusum, Panicum, Setaria, Brachypodium, Festuca и Bromus .[3] Возрасните единки летаат од мај до август.[7] Овој вид на пеперуги презимува како гасеница една или две години, завиди од надморската висина.
M. Chinery et P. Leraut, Photoguide des papillons d'Europe, Delachaux et Niestlé (ISBN2-603-01114-6)
Stuhldrehrer, G. & T. Fartmann (2015): Oviposition-site preferences of a declining butterfly Erebia medusa (Lepidoptera: Satyrinae) in nutrient-poor grasslands. — European Journal for Entomology 112(3): 493–499
Tom Tolman, Richard Lewington, Guide des papillons d'Europe et d'Afrique du Nord, Delachaux et Niestlé, 1998 - (ISBN2603011146)