Просеник (грчки : Σκοτούσσα , Скотуса , до 1926 година Πρόσνικ , Просник [ 2] ) — село во Серско , Егејска Македонија , денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ , Грција. Сè до 1920-тите било населено населено исклучиво со Македонци , а денес тие се огромно мнозинство.[ 3]
Селото се наоѓа на 15 км северозападно од градот Сер , на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма .
Во XIX век и почетокот на XX век Просеник било чисто македонско село во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Просеник (Prossénik) било село со 112 домаќинства сочинети од 380 Македонци .[ 4] [ 5]
Во 1891 г. Георги Стрезов го посочува селот како дел од областа Овакол и вели:
„
Просеник, 21 ⁄ 2 час на З од Сер ; пат рамен, но каллив. Еден дел од земјата е чифлик на многу сопственици. Нова гркоманска црква „Св. Ѓорѓи “ со убава ѕвонарница; грчко училиште со 45 ученици. 70 куќи македонски.[ 6] [ 7]
“
Во 1891 г. Васил К’нчов го посетил Серско и го забележал следново за стопанскиот напредок на Просеник:
„
Особено е збогатено с. Просеник, кое лежи на многу плодна земја; се откупило од својот, не не го изгубило неговото покровителство. За малку години селото сосема се преобразило, ги снемало бедните колипки и наместо нив се појавиле убавички двокатни куќи. Дворовите се заградени. Селаните имаат прекрасна црква и добро училиште, одат во град со коњи, облечени чисто и пристојно. Одат на Св. Гора; некои стасале дури до Ерусалим. Сите околни села гледаат со завист на просеничани.[ 8]
“
Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. селото броело 900 жители, сите Македонци христијани.[ 4] [ 9] Сите христијани во Просеник биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во селото живееле 1.280 Македонци патријаршисти. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.[ 4] [ 10]
На почетокот на 1909 г. околу 60 семејства од селото прешле под врховенството на Бугарската егзархија .[ 11]
Според егзархискиот училиштен инспектор в Сер Константин Георгиев во 1910 г. во Просеник учителствувале Стоил Димитров и З. Стојанова. Имало 45 ученици (25 машки и 20 женски). Училиштето го користеле само гркоманите.[ 12]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор . Таа година населението броело 913 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 774 лица, што се должи на извесно иселување непосредно по Првата светска војна .[ 3] Во 1924 г. власта тука доселила 263 грчки колонисти.[ 3] Во 1926 г. селото е преименувано во Скотуса по античкиот град со тоа име согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[ 13]
Во 1920-1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи “.[ 14]
На пописот од 1928 г. селото имало 1.307 жители, од кои Македонците биле апсолутно мнозинство.[ 3]
Месности во Просеник преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
Име
Грчки
Ново име
Грчки
Опис
Капсида
Καψίδα
Агона
Άγονα[ 15]
Кондур Караагач[ 16] или Кудур Караагач[ 17]
Κουντούρ Καραγάτς
Микра Дендра
Μικρά Δένδρα[ 15]
возвишение на ЈЈЗ од Топалово [ 17] (26 м)[ 16]
Малаалпи
Μαλααλπί
Мистри
Μυστρί[ 15]
Корасмат
Κορασμάτι
Дијаставросис
Διασταύρωσις[ 15]
Копла[ 17]
Κόπλα
Скамата
Σκάμματα[ 15]
месност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица [ 17]
Трнок[ 17]
Ταρνόκι
Петалон
Πέταλλον[ 15]
месност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица[ 17]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
1.499
1.584
1.792
1.451
1.534
1.649
1.440
1.415
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Андон Ангелов — борец во МОО , 22-годишен, земјоделец, I чета на XI Серска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[ 18]
Антониос Думбас (? - 1944) — деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија [ 19]
Атанас Василев (1887 – ?) — борец во МОО, четата на Дончо Златков [ 18]
Атанас Карајованов — револуционер, деец на ВМОРО , починал пред 1918 г.[ 20]
Атанас Хаџипантазиев (1883 – 1907) — гркомански андартски капетан
Васил Николов (1887 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина, носител на крст „За храброст“ IV степен[ 18]
Дафина Просеничка — народна пејачка од XIX век
Запро Стаматов (1886 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина[ 18]
Замприс Цјатарос — деец на грчката пропаганда во Македонија[ 21]
Илија Ангелов, ополченец , V Ополченска дружина[ 22]
Илија Петров (1892 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина[ 18]
Илијас Миљос — деец на грчката пропаганда во Македонија[ 23]
Константинос Папаниколау — гркомански агент (III класа) на грчка андартска чета[ 24]
Софија Хаџипантазиева — гркомански андартски деец
Томас Зембирис — деец на грчката пропаганда во Македонија [ 25]
Штерју Влахов (1884 – 1924) — револуционер
↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“ . Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF) . II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 263. ISBN 9989-9819-6-5 .
↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г . София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3 .
↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF) . Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ . Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 841.
↑ Кънчов, Васил. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр.74-75.
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X .
↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF) . Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
↑ Йордан Иванов. „Български старини из Македония“. София, 1931, стр. 224.
↑ Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 142 – 143.
↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971 , Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
↑ „Ιερός Ναός Ἁγίου Γεωργίου“ . Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 октомври 2019 .
↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 15,5 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF) . Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος . Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1043. 1968.
↑ 16,0 16,1 Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944.
↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 17,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
↑ 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 24, 109, 498, 560, 635. ISBN 954-9800-52-0 .
↑ „Δούμπας Αντώνιος - Μακεδονομάχοι“ . macedonian-fighters.com . Посетено на 22 септември 2021 .
↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF) . София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.
↑ „Τσιάταρος Ζάμπρης - Μακεδονομάχοι“ . macedonian-fighters.com . Посетено на 22 септември 2021 .
↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF) . София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 37.
↑ „Μήλιος Ηλίας - Μακεδονομάχοι“ . macedonian-fighters.com . Посетено на 22 септември 2021 .
↑ „Παπανικολάου Κωνσταντίνος (2) - Μακεδονομάχοι“ . macedonian-fighters.com . Посетено на 22 септември 2021 .
↑ „Ζεμπίρης Θωμάς - Μακεδονομάχοι“ . macedonian-fighters.com . Посетено на 22 септември 2021 .