Психометрија (грчки: ψυχή, psukhē + μέτρον, metron, „мерење на душата“) е форма на вонсетилно восприемање при која човекот е способен да дојде до информација за некого само со допир на физички предмет кој му припаѓал нему. Терминот психометрија го користел Џозеф Родес Буканан во 1842 година.[1]
Концептот на психометријата е популарна тема во фантастиката и научната фантастика.