Фајверс Маргаретен | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Хандбалклуб Фајверс Маргаретен | ||
Краток назив | Фајверс Маргаретен | ||
Основан | 1919 | ||
Игралиште | Шпортхале, Маргаретен | ||
Приемност | 1,200 | ||
Престедател | Едуард Винтер | ||
Главен тренер | Питер Екл | ||
Лига | Прва лига на Австрија | ||
2018-2019 | 4. место | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
РК Фајверс Маргаретен (ger. Fivers Margareten) е машки ракометен клуб од Маргаретен, петтиот округ на Виена, Австрија. Оттаму произлегува и името на клубот (заб. на прев. фајв на англиски значи пет).
Клубот е основан во далечната 1919 година и во моментов се натпреварува во Првата машка ракометна лига на Австрија. Досега Фајверс трипати пати биле шампиони на земјата (2010-2011, 2015-2016 и 2017-2018) и седум пати освојувачи на Купот на Австрија (1999, 2009, 2012, 2013, 2015, 2016, 2017). На меѓународната сцена најголемиот успех на клубот е пласманот во полуфиналето на Купот на ЕХФ во сезоната 1984-1985. Во последните години Фајверс имаат силно соперништво во домашаната лига со екипата на Алфа Хард со која редовно се борат за титулите.
Својте домашни натпревари Фајверс Маргаретен ги игра во Шпортхале Маргаретен која собира околу 1200 места. Најчесто настапуваат во црни и во бели дресови.
По Првата светска војна во 1919 година, вкупно четири виенски асоцијации се собрале за да го формираат клубот кој првично се викал ВАТ Маргаретен, од кој како ракометна секција основана во 1920 година, се појавил денешниот Фајверс. По основањето клубот играл во градската лига на Виена, а во лигата имало само 5 екипи во тоа време.
Бидејќи во клубот била длабоко вкоренета работната сила тој бил изложен на силна социјалдемократска политика, што била забранета од австрофашистите. Клубот отслужувал забрана дури и за време на владеењето на националните социјалисти. Сепак, по Втората светска војна ВАТ Маргаретен бил реоснован со силна помош на поранешниот голман Јохан Хефлер.
Во 1978 година овој ракометен клуб изборил промоција во Државната лига Б, а конечно го направиле нивниот прв скок во највисоката австриска лига во 1982 година, во која играат и денес. Завршувајќи на третото место во првенството во сезоната 1983-1984, клубот за првпат се квалификувал за учество во меѓународните натпреварувања со пласман во Купот на ЕХФ за сезоната сезоната 1984-1985. По победите над холандскиот клуб ХВ Алсмаер, потоа францускиот УСАМ Ним и познатиот шведски клуб Истадс, ВАТ Маргаретен бил сопрен од подоцнежниот освојувач на титулата во натпреварувањето Минаур Баја Маре од Романија во полуфиналето.
Во 1999 година, клубот го постигнал најголем национален успех до тогаш. Иако Виенците за малку не успеале во последниот натпревар да ја освојат шампионската титула, тие сепак го освоиле Купот на Австрија една недела подоцна. По победата над УХК Толн, Маргаретнер дошол до првата титула во клупската историја победувајќи го тимот на Брук во финалето.
Во 2003 година, била отворена спортската сала Шпортхале Маргаретен во Холгасе, Виена, а на клубот му било дадено името „Фајверс“ (како синоним за 5-та област во Вина) со ново лого како дел од процесот со кој клубот започнал нова страница во својата историја. Со ребрендирањето на клубот исто така започнало да се посветува големо внимание на младинските категории во тимот.
Во 2009 година, РК Фајверс го освои Купот на Австрија (по вторпат во историјата) за првпат откако името на клубот било сменето откако во финалето пред домашната публика го поразиле ХИТ Инсбрук. Во 2011 година, Фајверс за првпат станале австриски шампиони. Голема заслуга за тоа имал и тренерот Питер Екл кој во својата дебитантска сезона го одвел клубот до најголемиот успех во историјата. Освојувањето на првата титула во домашното првенство му овозможило на клубот од Маргаретнер да учествува во квалификациите за Лигата на шампионите за првпат во клупската историја. Таму тие биле елиминирани во првиот двобој против Динамо Минск.[1] Во 2012 година, Фајверс го освоиле Купот на Австрија, а во финалето била поразена екипата на УЛЦ Швац дури по две продолженија. Во 2013 година, тие го одбраниле насловот во купот против Алфа Хард во финалето. Фајверс исто така го освоиле и Суперкупот на Австрија во 2013 и 2014 година победувајќи ги и во двата случаи австриските шампиони Алфа Хард.
Во сезоната 2013-2014 година, било отворено ново поглавје во клупската историја на Фајверс. Во оваа сезона тие се натпреварувале и во втората лига на Австрија (нивната втора екипа), со што станале првиот клуб во историјата на австрискиот ракомет кој се квалификувал и во првата и во втората лига.[2][3] И додека вториот тим едвај изборил опстанок во втората лига, првиот тим играл во финалето на австрикото првенство и купот, но бил поразен и во двете од екипата на Алфа Хард.
Во 2015 година, Фајверси се вратиле со нова титула, освојувајќи го повторно Купот на Австрија, поразувајќи го Брегенц во финалето, по продолженија.[4] Сезоната 2015-2016 била најдобрата во историјата на клубот од Маргаретен; тие го освоиле австриското првенство по вторпат во клупската историја а потоа и ја одбраниле титулата во купот, забележувајќи ја својата прва историска двојна круна. Во финалната серија тие биле подобри од Брегенц со 2-0 во победи.[5] Со седум титули, Фајверс во моментов се рекордери Купот на Австрија од воведувањето на натпреварувањето.
Во сезоната 2017-2018 клубот ја прославил својата трета шампионската титула.
Легенда | |
---|---|
Шампион на Австрија | |
Освојувач на купот | |
Двојна круна (првенство и куп) |
|
|