Расеан радиоизотоп

Расеан радиоизотоп или радиоизотоп во трагирадиоизотоп кој природно се јавува во крајно мали количества („траги“). Овие радиоизотопи начелно имаат периоди на полураспад кои траат кратко во однос на староста на Земјата, бидејќи првобитните нуклиди се застапени во поголеми количества. Затоа расеаните радиоизотопи се присутни единствено бидејќи постојано се произведуваат во Земјата со природни процеси. Такви процеси се бомбардирањето на стабилни нуклиди со космички зраци, обичен алфа- и бета-распад на долговечните тешки нуклиди, ториум-232, ураниум-238 и ураниум-235, спонтано цепење на ураниум-238, како и трансмутациски реакции предизвикани од природна радиоактивност, како што е производството на плутониум-239[1] и ураниум-236[2] од неутронски зафат[3] на природен ураниум.

Елементи

[уреди | уреди извор]

Подолу се наведени елементите на Земјата кои се јавуваат само во траги, наречени расеани елементи.

Елемент Симбол
Технециум Tc
Прометиум Pm
Полониум Po
Астат At
Радон Rn
Франциум Fr
Радиум Ra
Актиниум Ac
Протактиниум Pa
Нептуниум Np
Плутониум Pu

Изотопи на други елементи (неисцрпен список):

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Curtis, David; Fabryka-Martin, June; Paul, Dixon; Cramer, Jan (1999). „Nature's uncommon elements: plutonium and technetium“. Geochimica et Cosmochimica Acta. 63 (2): 275–285. Bibcode:1999GeCoA..63..275C. doi:10.1016/S0016-7037(98)00282-8.
  2. „Technical sheet about (nuclear) mass spectrometry“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 22 јули 2011. Посетено на 28 август 2009.
  3. Wilcken, K.~M.; Barrows, T. T.; Fifield, L. K.; Tims, S. G.; Steier, P. (јуни 2007). „AMS of natural 236 U and 239Pu produced in uranium ores“. Nuclear Instruments and Methods in Physics Research B. 259 (1): 727–732. Bibcode:2007NIMPB.259..727W. doi:10.1016/j.nimb.2007.01.210. hdl:1885/29151. S2CID 96531059.