Раскин (филм)

„Раскин“ (француски: La Rupture) — филм на режисерот Клод Шаброл (Claude Chabrol) од 1970 година. Шаброл е автор и на сценариото кое засновано врз романот „Човекот-балон“ (The Balloon Man) на Шарлот Армстронг (Charlotte Armstrong). Главните улоги ги играат: Стефан Одран (Stéphane Audran), Мишел Буке (Michel Bouquet), Жан-Пјер Касел (Jean-Pierre Cassel), Ани Корди (Annie Cordy), Жан-Клод Друо (Jean-Claude Drouot), Жан Карме (Jean Carmet) и Катрин Рувел (Catherine Rouvel). Филмот претставува дел од познатиот Шабролов циклус за Хелена. За разлика од неговите останати филмови, овој се бави со проблемот на лудилото во семејството, како и со моќта на парите со кои се купуваат луѓето и совеста. Притоа, во филмот е забележливо големото влијание на Алфред Хичкок. Инаку, како и во сите дела од циклусот за Хелена, и во овој филм главните улоги ги толкуваат тогашната негова сопруга Стефан Одран, како и неговиот омилен глумец Мишел Буке.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Сопругот на Елен (ја игра Одран), душевно болниот Шарл (го игра Друо) во напад на бес го повредува нивниот син. Тогаш, Хелен одлучува засекогаш да го напушти Шарл, детето го носи во болницата, а таа изнајмува соба во еден пансион. Шарл се враќа кај своите богати родители кои ја обвинуваат Елен за состојбата на детето и настојуваат да стекнат старателство над него. Знаејќи дека при разводот детето ќе ѝ припадне на мајката, тие го ангажираат познаникот Пол Томас (го игра Касел) да најде некаква дамка во минатото на Елен која ќе ја искористат во судскиот процес. Пол доаѓа во пансионот и со помош на својата девојка Соња (ја игра Рувел) прави сè да го уништи угледот на Елен...