Религијата во Габон има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се христијанството (римокатолицизмот и протестантството), исламот, како и традиционални локални верски убедувања.[2]. Голем број на христијани практикуваат обичаи од традиционалните локални верски убедувања[2]. Околу 88% од населението се христијани, 6% се муслимани 6% ја практикуваат старата религија или се атеисти[1].
Уставот на Габон ја гарантира слободата на вероисповед, а Владата генерално го почитува ова право во практиката[2].
Христијанството пристигнало во Габон преку португалските трговци во почетокот на 16 век[3]. Монасите на италијанските капуцини во текот на 17 век започнале свои мисионерства во земјата. Португалските мисионери ги протерале на италијанските монаси во 1777 година. Веќе кон средината на 19 век започнале протестантските мисии, додека католицизмот претходно своите позиции ги зацврстил во текот на португалската колонијална ера. Со почетокот на француската колонијална власт кон 1890 гоидина започнале француски мисионери да доаѓаат во земјата, а свои мисии имале и евангелските цркви од средината на XX век.[3].
Исламот е во мала мера присутен во Габон, со околу 6% од вкпното население. Најголем дел од муслиманите се сунити. Еден од поранешните претседатели на земјата го прифатил исламот во 1971 година. И покрај тоа што се претежно христијанскиот народ, Омар Бонго придонел земјата да се вклучи во Исламската коалиција во 1974 година, а бил воведен и еднопартискиот систем, кој пак бил поништен и бил вратен повеќепартискиот систем во 1990-тите години.[4][5].
|access-date=
бара |url=
(help)
|