Стејт департмент (2011)[1] | Pew Research (2009)[2] | ||
---|---|---|---|
|
|
Религијата во Еритреја има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Религијата се состои главно од Аврамските вери. Од мај 2002 година, владата на земјата официјално ги признала Еритрејската православна црква, Еритрејската католичка црква, Евангелско-Лутеранската црква и исламот. Од сите други вери и религии во принцип се бара да се регистрираат иако во пракса не им е дозволено да се регистрираат[3]. Меѓу другото, владата за регистрација на една религиозна група бара да се достават лични податоци за членството на групата[3].
Постојат две главни религии во Еритреја, христијанство и ислам. Сепак, бројот на приврзаниците е предмет на дебата. Во 2010 година, Стејт департментот проценил дека 50% од населението се муслимани, а околу 48% се христијани[4]. Според Pew Research Center, околу 62,9% од населението во Еритреја во 2010 година биле христијани, а 36,2% муслимани. Останатите 0,9% од жителите припаѓале на другите религии, вклучувајќи ги и традиционалните вери и анимизмот[5].
Кралство Аксум, кои покривало голем дел од денешна северна Етиопија и Еритреја, се појавило некаде околу првиот или вториот век[6][7]. Жителите изградиле голем број на големи стели, кои служеле за религиозна намена во претхристијанските времиња[8]. Повеќе од 200 години по формирањето на кралството, во земјата било донесено христијанството под водство на кралот Езана.[9]. Еритреја исто така била една од првите земји со исламски населби во Африка, бидејќи дел од прогонетите муслимани од Мека се населиле во овој регион.
|