Религија во Камерун

Религија во Камерун[1]
Религија процент
Христијанство
  
70 %
Ислам
  
20 %
Традиционална религија
  
6 %
Останати
  
4 %

Религијата во Камерун има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството, исламот и традиционалните регигии се трите главни религии во Камерун. Христијанските цркви и муслимански центри од разни деноминации слободно ги извршуваат своите верски практики во земјата[2].

Околу 70% од населението се христијани, 20% се муслимани и 10% ја почитуваат традиционалната религија.[2]. Други религиозни групи кои имаат помалку 1 % од населението се ортодоксните Евреи и Бахаите[2].

Христијанство

[уреди | уреди извор]
Римокатоличка катедрала во Јаунде

Христијанското население се дели меѓу римокатолици (32,4%), протестанти (30,3%) и други христијански деноминации (вклучувајќи ги и Јеховини сведоци) со 6% [2]). Римокатоличката црква во земјата има 24 епархии, 1.350 свештеници и 2.600 духовни лица.

Христијаните главно се населени во јужните и западните провинции. Треба да се напомене дека за разлика од вообичаеното верување, населението на три северни региони се речиси еднакво поделени меѓу христијани и муслимани. Двете англофонски провинции на западниот дел од земјата во голема мера се протестантски, додека франкофонските провинции на јужните и западните региони се главно католички и евангелски.[2].

Постојат поголем број на податоци околу процентот на муслиманите во земјата, и тој се движи од 20 до 24%[3]. Најголемит дел од муслиманите се сунити, со околу 12% од населението и 3% се шиити[4]. Во земјата, 48% од муслиманите припаѓаат на редот тарикат[5]. Исламот во земјата најмногу е концентриран во регионот на Адамава.

Останати

[уреди | уреди извор]

Во земјата живеат околу 4.000 приврзаници на бахајството[6]. Еврејското население е мало, со околу 50 луѓе[7].

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2017-07-03.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 July-December, 2010 International Religious Freedom Report : Cameroon. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (2010) and Wayi E. Mico (2016),A social analysis of the Religious situation in Cameroon. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. * "Background Note: Cameroon". January 2008. United States Department of State. Accessed 21 February 2008.
  4. „The World's Muslims: Unity and Diversity“ (PDF). Pew Forum on Religious & Public life. August 9, 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-24. Посетено на April 6, 2014.
  5. „The World's Muslims: Unity and Diversity“. The Pew Forum: On Religion and Public Life. Посетено на March 10, 2015.
  6. Bahá'í International Community (2003-09-23), „Cameroon celebrates golden time“, Bahá'í World News Service
  7. www.silive.com