Романија е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат околу 86.7% од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со 4.7% и протестантството со 3.7%. Во Романија живее и мало турско население кое е дел од исламската религија.
Источното православие е најголемата религиозна организација во Романија. Вкупниот број на верници е околуѕ 19.000.000 според пописот од 2002 година или 86,7% од населението. Според анкетата која била спроведена во 2007 година, 38% од верниците одат во црква неколкупати неделно или повеќепати во еден месец, 20% одат на црква на месечно барем еднаш, 33% одат само еден или двапати годишно, а 7% не посетуваат црквата[1].
Според пописот од 2002 година, има 1.028.401 верници односно приврзаници на Римокатоличката црква во Романија, кои ја сочинуваат 4.7% од населението. Мнозинството од католиците се со унгарска етничка припадност, иако постојат и повеќе од 300.000 етнички Романски католици, главно во Трансилванија.
Според пописот од 2002 година, има 191.556 верници односно приврзаници на Гркокатоличката црква во Романија, кои ја сочинуваат 0.8% од населението[2]. Мнозинството на грко-католиците, живеат во северниот дел од Трансилванија.
Според информациите од 2003 година, романската грко-католичка црква во истата година имала 737.900 верници, но сепак постои голем спор помеѓу римокатоличката црква околу ова прашање[3].
Според пописот од 2002 година [1] Архивирано на 25 март 2008 г. Протестантите претставуваат 5,2% од вкупното население на земјата.
И покрај тоа што бројот на приврзаниците на исламот е релативно мал, ислам|исламот има голема традиција во Романија, а особено во Северна Добруџа, во регионот на Црното Море, кој бил дел од Отоманското Царство речиси пет века (1420-1878 ). Според пописот од 2002 година, 67,566 луѓе, или приближно околу 0,3 од вкупната популација, истакнале дека нивната религија е исламот.[4] 97% од романските муслимани се жители на Северна Добруџа.