Религија во Србија

Верници во Србија
Православни
  
84,1 %
Римокатолици
  
6,24 %
Муслимани
  
4,82 %
Протестанти
  
1,44 %

Најголема религија во Србија е православната. Со векови во Србија биле присутни две големи религии, православие и католицизам на кои подоцна се додал и исламот. Србија е најшаренолика во религиски поглед. Така, во Војводина 25% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 90%. Косово има над 90% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Православие

[уреди | уреди извор]

Поголемиот број од населението на Србија се приврзаници на Српската православна црква, додека има православни христијани припадници и на Романската православна црква, главно присутни во делови на Војводина каде живеат етничко Романско малцинство. Освен Србите, во земјата има приврзаници на други православни цркви, во зависност од нивната националност како: Црногорци, Југословени, Роми, Македонци, Украинци, Бугари, Руси, Грци, Власи, итн

Католизам

[уреди | уреди извор]

Католичкото христијанството е присутно претежно во северниот дел на Војводина, особено во општините со мнозинство етнички Унгарци и во мултиетничка општина Суботица. Етничките групи, чии членови се претежно приврзаници на Католичката црква се: Унгарците, Хрвати, Германците, Словенците, Чесите , Словаците како и мал број на Србите итн.

Протестантство

[уреди | уреди извор]

Најголемата концентрација на протестантските христијански организации во Србија е во општина Бачки Петровац, каде мнозинството од населението се етнички Словаци. Некои од припадниците на другите етнички групи (особено Унгарците и Германците во пропорционален однос и Србите во апсолутна смисла) се, исто така, приврзаниците на различни форми на протестанти христијанството. Пред Втората светска војна поранешна Југославија била населена од страна на разни нео-протестантски групи, вклучувајќи Јеховите сведоци, Методисти, адвентистите итн. и истите биле населени во Војводина. Денеска, од овие заедници има останато многу мал број на верници.

Исламот е доминантна религија во Санџак, Прешево и на спорната покраина Косово и Метохија, а етнички групи чии членови се претежно приврзаници на исламот се: Бошњаци, Муслимани по националност, Албанци, Горани, Турци, Арапи, Ашкали и Египќани. Во помал број на етничките Роми се, исто така, приврзаниците на исламот.

Јудаизам

[уреди | уреди извор]

Според податоци од 2002 година, во Србија живеат 785 Евреи, од кои повеќето од нив живеат во Белград, Панчево и Суботица.

Галерија

[уреди | уреди извор]