Религијата во Централноафриканска Република има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Според проценките од 2010 година, околу 80% од населението на Централноафриканската Република се христијани. Исламот се практикува од страна на 15% од населението. Поголемиот де. од муслиманите се сунити. Се верува дека голем дел од верниците ги вклучуваат традиционалните староседелски елементи во нивните верски практики[2].
Во земјата постојат голем број на мисионерски христијански групи, меѓу кои лутеранци, Баптисти, Католици и Јеховини сведоци. Поголем број од мисионерите се од САД, Франција, Италија и Шпанија, но има и мисионери од Нигерија, ДР Конго и останатите африкански држави. Поголем број од мисионерите ја напуштиле државата за време на конфликтот меѓу владата и бунтовниците во 2002 и 2003 година. Денеска, околу 51% од населението се протестанти додека Римокатолиците се застапени со 29%. Римокатоличката црква има формирано девет епархии со една архиепископија. Папа Франциск го посетил градот Банги во 2015 година.
Муслиманите во најголем дел се населени во северниот дел на земјата. Муслиманите се втора по големина верска заедница во земјата, со околу 15% од вкупниот број на население. Муслиманите главно имаат потекло од Судан и Чад.
Традиционалните домородни верувања се практикуваат од страна на околу 5% од населението[3].
|