Ремина (Jigokusei Remina , англиски: Hellstar Remina) е јапонска манга напишана и илустрирана од Џунџи Ито. Била серијализирана од Биг Комик Спиритс од септември 2004 до јули 2005, и објавена во еден том.
По откривањето на мистериозна непријателска планета која е на пат кон Сончевиот Систем, Ремина, ќерката на научникот кој ја открил, се наоѓа себеси предмет на слава и обожавање откако нејзиниот татко избира да ја именува планетата по неа. Меѓутоа, како што станува јасно дека Ремина е на судир со Земјата, а исто така се чини дека уништува буквално сѐ што ќе ѝ се најде на патот, ова обожавање се претвора во страв, а потоа во убиствено лудило. На крајот, планетата Ремина се приближува до Земјата и вистината се открива. Наместо нежива планета, Ремина е организам со големина на планета, кој има намера да го измачува човештвото пред да ја потроши Земјата во целост. Гледајќи во смртта на секој чекор со само загадочен бездомник како нејзин сојузник, Ремина мора да побегне од остатокот на човештвото и да се бори за својот опстанок откако ќе избега од распнувањето од толпата што го убива нејзиниот татко, предводена од злонамерен култ кој верува дека жртвувањето на Ремина ќе донесе крај на катаклизмата што ја донесе нејзиниот имењак.
Мангата е напишана и илустрирана од Џунџи Ито. Била серијализирана во Биг Комик Спиритс од 16 септември 2004 до 24 јули 2005 година.[1] Шогакукан ја објави серијата во еден том танкобон, кој бил објавен во Јапонија на 22 јуни 2015 година.[1]
Во 2020 година, Виз Медија објавиле дека ја лиценцирале серијата за англиско објавување.[2] Тие го објавија томот на 15 декември 2020 година.[3]
Ник Смит ја пофалил мангата, велејќи дека е „добро ракувана“.[4] Хелен Чазан од The Comics Journal, исто така, ја пофалила, нарекувајќи ја „неизмерно привлечна“ и „спојлива“.[5] Ијан Волф од Anime UK News, исто така, ја пофалил мангата, наведувајќи дека се чувствува како нешто ново од Ито, притоа давајќи го и хоророт по кој е познат.[6] Мишел Смит од Manga Bookshelf била покритична, изјавувајќи дека е заинтригирана од премисата, но смета дека мангата е невлијателна.[7] Како дел од водичот за манга на Anime News Network за есента 2020 година, Ребека Силверман и Кејтлин Мур ја прегледале мангата. Силверман ја пофалила, нарекувајќи ја „добра, застрашувачка приказна“, додека ја критикувала дека е „премногу дигната со нејзините слики“. Мур изјавила дека и таа уживала во серијата, но останала збунета од заплетот.[8]
Во декември 2020 година, томот бил рангиран во првите десет графички романи за возрасни во листата на Соединетите Држави од The NPD Group.[9] Исто така, била рангирана измеѓу првите десет на списокот на најпродавани дела на <i id="mwPA">New York Times</i> во категоријата графички книги и манга во јануари 2021 година[10]. Истата година, серијата ја освоила наградата Ајснер, за најдобро американско издание на меѓународен материјал - Азија[11][12] и била номинирана за Наградата Харви.[13] Во 2022 година, таа била рангирана во првите десет графички романи од страна на Здружението за графички романи и стрипови на Американската библиотечна асоцијација.[14]