Реновирање на Швајцарија

Реновирање на Швајцарија
Мреж. местоrenovate-switzerland.ch

Реновирање на Швајцарија (Renovate Switzerland) е швајцарска кампања на ненасилен отпор започната во април 2022 година, која користи ненасилни акции како средство за притисок врз швајцарскиот федерален совет да го имплементира националниот план за изолација на еден милион домови до 2040 година, со цел да се решат прашањата за климатските промени и енергетската криза.[1] Таа е дел од меѓународната мрежа на кампањи за граѓански отпор, така што слични кампањи се изведуваат во Германија, Австралија, Канада, Франција, Италија, Норвешка, Обединетото Кралство и САД. Овие различни кампањи користат слични тактики, но се фокусираат на барањата кои се специфични за нивниот национален контекст. Сепак, неколку од нив се фокусираат на прашањето за потрошувачката на енергија во зградите. [2]

Реновирање на Швајцарија првично испратиле писмо во кое ги изложиле нивните барања до претседателотот на Швајцарската конфедерација Симонета Сомаруга, но одговорот што го примиле не ги исполнило нивните очекувања.[3] По четири блокади на патиштата во април 2022 година, кампањата влегла во нова акциона фаза во октомври 2022 година. Коавторката на извештајот на ИПЦЦ на ОН, Јулија Штајнбергер учествувала на блокадата на патот во Берн на 11 октомври и ја залепила раката на асфалтот заедно со уште пет лица.[4]

Повеќето од акциите на Реновирање на Швајцарија вклучуваат блокади на патиштата на главните швајцарски автопати и патишта. Иако нивните постапки генерално се сметаат за незаконски, тие се поддржани од некои политичари, како што е Зелената партија на Швајцарија Леонор Порше, која смета дека граѓанската непослушност е легитимна со оглед на ургентноста на климатската криза. [5] [6]

Контроверзи

[уреди | уреди извор]

Логото на Реновирање на Швајцарија е осомничено дека го нарушува заштитниот знак на пијалокот Ривела, а компанијата соопштила дека ја разгледува правната постапка.[7][8] Поради оваа ситуација, Реновирање на Швајцарија го промениле својот корпоративен дизајн.

  1. „Activistes climatiques – Qui sont les militants qui collent leurs mains au bitume?“. 24 heures (француски). 19 May 2022. Посетено на 2022-10-09.
  2. „Une militante de Renovate Switzerland: «Quand je pense à l'avenir, je vois un gros trou noir»“. Le Temps (француски). 2022-04-14. ISSN 1423-3967. Посетено на 2022-10-04.
  3. „Renovate Switzerland interpelle Guy Parmelin et Simonetta Sommaruga“. Le Temps (француски). 2022-07-01. ISSN 1423-3967. Посетено на 2022-10-13.
  4. 'We Don't Have Much Time Left': Co-Author of UN Climate Report Detained at Climate Protest“. Vice (англиски). 12 October 2022. Посетено на 2022-10-13.
  5. Kučera, Andrea (2022-09-07). „Sabotage so the world doesn't end (Translated from English)“. NZZ Magazine.
  6. Biner, David (2022-04-21). „Do we need roadblocks because of poorly insulated houses? The Greens paved the way for quirky guerrilla groups (Translated from German )“. Neue Zürcher Zeitung. Посетено на 2022-10-10.
  7. „Genève: La police a décollé les activistes du pont du Mont-Blanc“. Le Matin (француски). 2022-04-14. ISSN 1018-3736. Посетено на 2022-10-04.
  8. „Streit um Logo: Rivella prüft Klage gegen Renovate“. Aargauer Zeitung (германски). 19 April 2022. Посетено на 2022-10-04.