Рококово | |
---|---|
Година на изработка | 1902 |
Нарачател | Александар Келх |
Примател | Барбара Келх |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Арти и Дороти Мекферин |
Година на стекнување | 2012 |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Михаил Перхин |
Употребен материјал | платина, дијаманти, провиден зелен емајл и свила |
Висина | 12 см |
Ширина | 14,2 см |
Изненадување | Златен триножник со емајлирано срце во кое има три портрети |
Рококово јајце — едно од Фабержеовите јајца создадени во работилницата на Карл Фаберже за богатиот руски индустријалец Александар Келх, како подарок за неговата сопруга во 1902 година. Бидејќи не станува збор за подарок на рускиот цар за неговата царица, истото не се вбројува како „царско“ Фабержеово јајце, и во овој случај, станува збор за едно од седумте „Келхови“ јајца. Ова е всушност петтото јајце од низата.[1]
Како и секое велигденско јајце кое е произведено од Фаберже, и ова во внатрешноста содржи „изненадување“. Во овој случај, станува збор за златен триножник на кој се наоѓа провиден розеникав емајл во облик на срце со иницијалите „В.К.“ (Варвара Келх), при што на едната страна има дијаманти, а на другата страна дијаманти и годината на производство 1902. Внатре во самото срце има место за три слики (најверојатно мини слики). Оригиналните слики кои биле во внатрешноста се изгубени.[2]
Јајацето било продадено од страна на Келх во 1920 година по Октомвриската револуција[3] и било купено од господинот Леон Гинберг истата година откако било понудено на продажба од страна на францускиот изработувач на накит Морган. Поради француските правила во однос на заштитени марки, ова јајце (и останатите кои биле понудени на продажба) не биле изложувани.[4] Во 1940-ите било продадено на Вила Русија во Њујорк, и во периодот од 1949 до 1958 година било во сопственост на њујорчаните Џек и Бел Лински. Подоцна во 1958 година повторно било откупено од Вила Русија. Во периодот од 1962 до 1997 година било дел од приватната колекција наречена САД. Во 1997 година било продадено од трговецот Пролер во Далас, Тексас на непозната личност. Во 2012 година било откупено од страна на Арчи и Дороти Мекферин како дел од нивната колекција. Во 2013 година било изложено во Хјустон, Тексас како дел од Фабержеовиот симпозиум.[2]