Ромен

Ромен

Ромен (руски: Ромэн) — најстар и најпознат ромски театар во светот. Театарот зазема средишно место на ромската култура во Русија и од неговото основање во 1931 година бил средиште на привлекување ромски глумци во земјата. Театарот е сместен во зградата на хотелот Советски во Москва и има статус на државна буџетска културна установа. Во неговиот делозбир влегуваат постановки на познати книжевни дела. Автори на сценаријата често се самите глумци.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

На 24 јануари 1931 година, во Москва било отворено ромското театарско студио „Индо-ромен“, а во првиот месец по отворањето била изведена и првата претстава. Прв директор и прв композитор на „Индо-ромен“ биле еврејските активнисти Моише Голдблат односно Семјон Бугачевски.

На 16 декември 1931 година, студиото ја прикажало првата целосна драмска претстава со елементи на мјузикл „Живот на тркала“ (руски: Жизнь на колёсах). Претставата се состоела од три чина и се засновала врз драмата од ромскиот писател Александар Германо. По изведбата, студиото било преименувано во „Ромен“. Прв директор на преименуваниот театар бил Георги Лебедев.

Од 1940 година, сите изведби во театарот се на руски јазик.

Познати глумци во театарот

[уреди | уреди извор]
  1. „О нашем театре“. Театр «Ромэн». 2018. Посетено на 8 ноември 2018.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Baurov, Konstantin (1996). Repertuary tsyganskikh khorov starogo Peterburga (руски). St. Petersburg: Martynov i ko. ISBN 5-280-03164-X. OCLC 44003978.
  • Rom-Lebedev, Ivan (1990). Ot tsyganskogo khora—k teatru "Romen": Zapiski moskovskogo tsygana (руски). Moscow: Isskustvo. ISBN 5-210-00359-0. OCLC 23688895.
  • Demeter, Nadezhda; и др. (2000). Istoriia tsygan: Novyi vzgliad (руски). Voronezh: IPF "Voronezh". ISBN 5-89981-180-3. OCLC 47048383.
  • Demeter-Charskaia, Olga (1997). Sud’ba tsyganki (руски). Moscow: Stankin. OCLC 44608891.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

55°47′05″N 37°34′09″E / 55.7847777878° СГШ; 37.5691944544° ИГД / 55.7847777878; 37.5691944544