Rupert Bay | |
---|---|
Координати | 51°35′01″N 78°59′58″W / 51.58349°N 78.99942°W |
Океански/морски извори | Хадсонов Залив |
Сливни земји | Канада |
Најг. должина | 32[1] км |
Најг. ширина | 16 км |
Надм. височина | 0 м |
Рупертовиот Залив - голем залив кој се наоѓа на југоисточниот брег на Џејмсовиот Залив, во Канада. Иако крајбрежјето е дел од покраината Квебек, водите на заливот се под јурисдикција на територијата Нунавут.[2]
Овој залив има ширина од 16 км и должина од 32 км. Тој е најголемиот воден огранок на Џејмсовиот Залив. Реките Руперт, Нотавеј и Бродбек течат во овој залив.[3] Криевото село Васкаганиш е на источниот брег на заливот.