Руско-кипарски односи

Руско-кипарски односи
Map indicating locations of Cyprus and Russia

Кипар

Русија

Руско-кипарските односи (руски: Российско-кипрские отношения) се надворешни односи меѓу Кипар и Руската Федерација.

Советскиот Сојуз дипломатски односи со Кипар воспоставил по независноста на Кипар на 18 август 1960 година. Соработката меѓу двете земји се интензивирала во 1990-тите години и распаѓањето на СССР. Така Кипар ја признала Руската Федерација на 7 април 1992 година[1].

Во јануари 1997 година Кипар потпишал договор со Росвооруженије за продажба и испорака на С-300 проектили[2][3] во вредност од 200 милиони долари, предизвикувајќи тензии со Турција, која се заканила дека ќе го бликира островот поради оваа испорака а не исклучила и воена акција[3][4][5] По ова следувале и реакции од западните земји во кои било истакнато дека Русија сака да поттикне конфликт неѓу сојузниците на НАТО. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи изјавил дека договорот бил заснован на комерцијална основа и ги отфрлил изјавите дека договорот може да биде одговорен за тензии на Кипар истакнувајќи дека Русија предложила демилитаризација на островот[5]

  1. (руски) „Российско-кипрские отношения“. Russian Ministry of Foreign Affairs. 19 May 2008. Архивирано од изворникот 2011-06-15. Посетено на 2009-03-31.
  2. Barletta, Michael (November 1998). „Cyprus: Mediterranean countdown“. Bulletin of the Atomic Scientists. Educational Foundation for Nuclear Science, Inc. 54 (6): 12–14. ISSN 0096-3402. Посетено на 2009-04-01.
  3. 3,0 3,1 Safire, Williams (2 July 1998). „Essay; Primakov in Cyprus“. New York Times. Посетено на 2009-03-31.
  4. Hannay, David (2005). „1997: Missiles and Missed Opportunities“. Cyprus: the Search for a Solution. London ; New York: I.B.Tauris. стр. 70. ISBN 1-85043-665-7. |access-date= бара |url= (help)
  5. 5,0 5,1 Gordon, Michael R. (29 April 1998). „Greek Cypriots To Get Missiles From Russians“. New York Times. Посетено на 2009-03-31.