Р’мби Λαιμός | |
---|---|
Црквата „Св. Петка“ од 1896 г. | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°50.11′N 21°8.26′E / 40.83517°N 21.13767°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Општ. единица | Преспа |
Надм. вис. | 1.170 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 171 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 530 77 |
Повик. бр. | 23850–51 |
Р‘мби (или без дијалектна носовка: Р’би или Роби; грчки: Λαιμός, Лемос; до 1926 Ράμπη, Рамби[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 171 жител (2021). Македонците се сочинуваат многу големо мнозинство од населението.
Селото е сместено во областа Голема Преспа, западно од с. Герман, недалеку од границата со Р Македонија. Лежи околу 3 км источно од Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Бела Вода.[3] Низ селото минува Стара Река, која извира од Пелистер и по 10 км се влева во Преспанското Езеро.
Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Р’мби.
Според една легенда, селото го носи ова име бидејќи во далечното минато неговите жители биле робови (старословенски: рѫби), доведени од Цар Самоил како плен од неговите војни.
Црквата „Сретение Господово“ во селото е зградена во XVI век и прогласена за споменик на културата.[4] Храмот „Св. Петка“ е од XIX век, и исто така има статус на заштитен споменик.[4]
Во постаро време селото било чисто македонско, но подоцна во него се доселиле мал број Албанци муслимани.[3] Кон крајот на XIX век Р’мби е заведено како македонско-албанско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рамна било село во Ресенската каза со 48 домаќинства од 90 жители муслимани и 58 Македонци.[5][6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Р’мби живееле 196 Македонци и 100 Арнаути.[5][7] По Илинденското востание, во почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Р’мби живееле 256 Македонци под егзархијата и 156 Албанци.[5][9] Црквата „Св. Петка“ е изградена во 1896 г. врз темелите на старата црква,[10] а во околината на селото има рушевини од други стари цркви.[11]
Жителите на Р’мби зеле активно учество во борбата на Македонската револуционерна организација против турската власт, како и во Илинденското востание. На 12 септември 1903 г. селото е запалено од турската војска и убиени се 6 лица.[12] Во податокот за овој период, Боривое Милоевиќ го завел Р’мби како чисто македонско село со 50 куќи, иако познато е дека имало и 8 албански семејства кои живееле во соседното маало Бостанџиовци.[3]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е попишано како мешана населба со 447 жители, кои во 1920 г. станале 555.[3] Во 1924 г. албанското население се иселило во Албанија, а во Р’мби се доведени 27 грчки дојденци (8 семејства) од Кавказ, но и пет македонски семејства од Леска и едно од Пустец во Мала Преспа од албанска страна.[3] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 547 жители,[3] од кои 99 лица (23 семејства) биле грчки доселеници.[13]
Во 1925 г. крај патот за Медово е изградена црквата „Св. Никола“.[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Лемос, што во превод значи „шија“ или „грло“.[14] Во 1940 г. населението нараснало на 738 жители, меѓи кои Македонците биле апсолутно мнозинство. Помеѓу двете светски војни 93 лица од Р’мби се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата.[3]
Во 1949 г. селото значајно настрадало од монархистичките операции во Грчката граѓанска војна, по што од него се иселиле 87 македонски семејства, од кои 43 пребегале во Р Македонија, а уште 44 во источноевропските земји. На нивно место властите доселиле 20 семејства погрчени Власи од Епир.[3] Така, во Р’мби останале околу 50 македонски семејства. Така, во 1951 г. селото имало 466 жители, намалувајќи се на 427 во 1961 г. Во текот на следното десетлетие отпочнало масовно иселување во прекуокеанските земји и во поголемите градови, па во 1971 г. населението опаднало на 286 лица.[3] Во 1981 г. Р’мби имало 251, а во 1991 г. — 250 жители. Во 2001 г. населението пораснало на 299 жители, за да се смали на 185 лица во 2011 г.
Во испитувањето од 1993 г. се вели дека „словенојазично-дојденско“, и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[15]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 738 | 466 | 427 | 286 | 251 | 250 | 299 | 185 | 171 |
Ова е список на позначајните топоними во Р’би и околината:[16]:
А — Аљкојца
Б — Баро, Бехташица, Бечко Оревче, Бечкоата Лапа, Босилкв Брег, Бостанџиовци, Брегојте, Брод, Будака
В — Виришта, Виро, Виројте, Висот, Врв Илија
Г — Героец, Гојдарски Пат, Голем Орев, Голема Межда, Големо Езеро, Горица, Гропата, Гушајца
Д — Драгои, Дрмите, Дупа
К — Керопадина, Копината, Кулата, Кутлишта
Л — Лапите, Леска, Ливадски Пад
М — Мало Езеро, Маркоа Нога, Меурка, Мирите, Мостината, Моторник
Н — На Даб
О — Осо
П — Пероо, Пецини, Копини, Плоча, Подгорица, Пречиста, Продајна, Пршкоа Врба, Пршкојца
Р — Реката, Роби
С — Садишта, Свети Димитрија, Седло, Слатина, Солиште, Старо Пероо
Т — Тумбата
У — Устата
Ф — Фашов Рид
Ц — Црвејнците, Црници
Ч — Чекајнца
Ш — Шаркојца, Широк Пат
Селото се смета за прилично богато. Главни производи се житото, гравот, компирот и други култури. Доста застапено е и сточарството.
|title=
во положба 65 (help)
|