Единица за специјални должности | |
---|---|
Активна | 1974 - денес |
Земја |
![]() |
Род | Податотека:HongKongPoliceLogo.svg Полициски сили на Хон Конг |
Вид | Тактичка полициска единица |
Улога | Кантер тероризам Спроведување закон |
Големина | Над 120 офицери[1] |
Прекари | Летачки тигри[1] |
Гесло | „Сила, дисциплина, едниство" |
Обележја | |
Знак | Глава од тигар со крилја |
Единица за специјални должности (СДУ) исто така наречена Летачки тигри е елитна тактичка единица на полицијата на Хонгконг задолжена за справување со терористички напади, спасувње на заложници и справување сериозен криминал, вклучувајќи огнено оружје.[2] СДУ е субдивизија на полициската тактичка единица против бунтови која е дел од " А " одделението (Операции и поддршка).[3] СДУ се заснова како полициска тактичка единица со седиште во Фанлинг. СДУ, исто така, извршува подводни операции за пребарување.[4][5]
СДУ е основана во 1974 година од страна на Британската влада во Хонгконг, како одговор на постојано зголемување на заканата од тероризмот.[6] СДУ, кој се состои од десет членови, кои користат го користат постојаното оружје на полицијата и има измислено свои тактики.[7] Во почетокот на 1978 година, Британските САС испратија советодавен тим во Хонгконг, кој првично беше пратен за да се оцени СДУ, а потоа обучиле два нападни тимови, што доело до големи промени во тактиките и оремата на СДУ.[8] Во 1982 година, Британската СБС испрати советодавен тим во Хонгконг да се воспостави тим за напад во вода, вклучувајќи и обука во воено нуркање. Тој тим подоцна бил исклучен во 2000год.
![]() |
По предавањето на Хонгконг за независност од Британија во Кина во 1997 година, СДУ не само што ја продолжува својата размена на тактики со многу европски, северноамерикански и азиски тактички полициски единици, но, исто така, почна да формира поблиски врски со Кина. Помеѓу 1974 и 2014 година, СДУ учествувале во 162 мисии и спровела 335 нуркачки пребарувања.
СДУ единицата се состои од група за поддршка, администрациона група и акциона група. Акционата група е јадрото на СДУ, понатаму категоризирани во нападен тим и снајперски тим. Нивната структурата е:-[10]
СДУ има пет Белгиски овчари.
Волонтер за СДУ треба успешно да заврши на 11-дневната селекција позната како Пеколна недела кој се одржува еднаш годишно и има стапка на успех од само 25%. По успешно завршување на процесот на селекција, подносителот на барањето е потребно да заврши девет-месечен курс за обука, кој вклучува ракување со оружје и прецизно пукање, тактичко движење, невооружена борба, пробивање, качување и абзел, хемиски, биолошки, радиолошки и јадрени инциденти, и воена медицина. Апликациите се отворени за жени полицајци, но, до сега нема сужено ни една. Помеѓу 1974 и 2014 година, 383 службеници имаат служено во СДУ.
Пред 1998 година, изборниот курс за СДУ беше долг од 10 до 14 дена, со најголем акцент на физичка издржливост.[12] Во 1998 година, ова се сменило во основен четиридневен курс за селекција, со поголем акцент на менталните атрибути отколку физичките.[12] Оние кои успешно го положиле основниот курс за селекција добија петнеделен курс за следење, проследен со 7 дневен напреден курс за селекција.[12] Курсот се концентрирал на ракување и употреба на оружје, основновите од рака на рака, маскирање и прикривање, физичка кондиција, набљудување и коментар, прва помош и читање на мапи.[12] За периодот 1998-99 година се пријавија 44 офицери со 14 избрани.[12]