Сала Подмежакла Dvorana Podmežakla | |
---|---|
Место | Јесенице, Словенија |
Координати | 46°25′59″N 14°03′01″E / 46.4330656°N 14.050312°E |
Отворен | 1978 |
Реновиран | 1997, 2013 |
Проширен | 2010 |
Сопственик | |
Подлога | мраз, паркет |
Игра | |
Гледачи | 5.500 |
Сала Подмежакла (Dvorana Podmežakla) — спортска сала сместена во Јесенице, Словенија. Таа е домашна арена на хокеарскиот тим HK Acroni Jesenice и нивниот подмладок HD Mladi Jesenice.[1] Исто така таму се одржува и Триглав Трофеј, годишен натпревар во уметничко лизгање кое се одржува напролет.[2] Името Подмежакла е добиено по својата локација на југозападната стрната на реката Сава, директно под висорамнината Межакла.
Од 1954 функционира како отворено хокеарско игралиште врз кое во 1978 година е изработена кровна конструкција кога го добива ликот на спортска сала. Со реконструкцијата во 2010 е проширена од 4,500 на 5,500 седишта.[1] Во Март 2011, салата била затворена откако инспекторите донеле заклучок дека хокеарскиот клуб им дал дозвола на навивачите да седат на источната трибина иако за истата не бил извешен технички прием. Државните инспектори исто така констатирале дека општината Јесенице не дала дозвола за доградба на салата за време на реконструкцијата во 1997 година.[3]
Во периодот 2012-2013 повторно е реновирана за потребита на Еуробаскет 2013 каде Јесенице е домаќин.[4]
„Сала Подмежакла“ на Ризницата ? |