Саша Ќириќ

Саша Ќириќ
Ќириќ во дресот на Нирнберг
Лични податоци
Полно име Саша Ќириќ
Роден на 11 јануари 1968(1968-01-11)(56 г.)
Роден во Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1.83
Играчки податоци
Позиција Напаѓач
Повлекување 2006
Младинска кариера
0000–1987 Слога
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1989 Металург Скопје Металург Скопје
1989–1991 Пелистер Пелистер 58 (23)
1991–1993 Вардар Вардар 60 (52)
1993 ЦСКА Софија ЦСКА Софија 14 (8)
1994–1995 Вардар Вардар 33 (35)
1995–1997 Арау Арау 73 (30)
1998–1999 Нирнберг Нирнберг 45 (22)
1999–2000 Тенис Борусија Берлин Тенис Борусија Берлин 32 (14)
2000–2002 Ајнтрахт Франкфурт Ајнтрахт Франкфурт 25 (11)
2002–2004 Нирнберг Нирнберг 47 (21)
2004–2006 Кикерс Офенбах Кикерс Офенбах 32 (12)
Репрезентација
1995–2004 Македонија Македонија 26 (8)

Саша Ќириќ (Куманово, 11 јануари 1968) — македонски спортски работник и поранешен фудбалер,[1] кој играл на позицијата напаѓач.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Тој иако е роден во Куманово, неговото семејство потекнува од Ново Село, од каде што израснал. Во раните години тренирал ракомет и кошарка.[2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата фудбалска кариера Ќириќ ја започнал во своето родно краиште, за клубот Слога од соседното село Умин Дол, клуб кој се натпреварувал во општинската лига[2] односно во најниската лига на поранешна Југославија. Од таму, во 1986 година заминал директно во најсилна југословенска лига во Вардар од Скопје, каде што добил двегодишен стипендиски договор, но останал само 6 месеци за да биде потоа одстапен на Металург од Скопје.[2] По поминати 1,5 години и отслужување на воениот рок, во лето 1989 година потпишал договор за Пелистер од Битола, каде што под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски прераснал во голгетер и водач на екипата. Со Пелистер стигнал до четвртфиналето во Купот на Југославија, каде бил поразен од Хајдук.[2] Во 1991 година, повторно се вратил во Вардар каде што настапил во последната сезона од југословенската лига, за да веќе наредната сезона 92/93 со клубот, во независната Прва македонска фудбалска лига. Тогаш, тој остварил две титули за најдобар стрелец во првенството (35 гола во 92/93 и 36 гола во 94/95), од кои првата сезона е рекордна голгетерска сезона, согласно 2022/23. Во однос на македонски екипни титули и успеси, тој има 3 првенствени титули, 2 Купа на Македонија, а исто така за одбележување се и сите негови 77 првенствени натпревари без ниту еден пораз. Во меѓувреме, во сезоната 93/94, имал краток осум месечен престој во ЦСКА од Софија, имајќи ги своите први настапи во странство. Во 1995 година заминал во швајцарскиот клуб Арау, каде што после поминати 2 и пол сезони, на свои 30 години, а на инсистирање на тренерот Феликс Магат, заминал во германската Бундеслига во Нирнберг. Мошне брзо станал миленик на публиката и голгетер на екипата пласирајќи се веќе во својата прва Бундеслига сезона во врвот на списокот на најдобри стрелци. Во 1999 година, заминал во второлигашот Тенис Борусија од Берлин за рекордни, во тоа време, 4,5 милиони марки обесштетување, но по одземање на лиценцата на клубот веќе после една година заминал повторно кај Феликс Магат во првата Бундеслига, овојпат во Ајнтрахт Франкфурт. Во 2002 година, се вратил, како што и самиот кажал, во својот најомилен клуб Нирнберг и настапувал во наредните две сезони. Професионалната кариера ја завршил, во клуб Кикерс Офенбах, на негови 38 години.

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој го направил своето сениорско деби за Македонија во април 1995 година пријателски натпревар против Бугарија и има стекнато вкупно 26 натпревари, постигнувајќи 8 гола.[3] На 9 ноември 1996 година, Ќириќ и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Саша Ќириќ бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 53. и 87. (од пенал) минута.[4][5] Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар во април 2004 година против Хрватска.[6]

Стручна кариера

[уреди | уреди извор]

По пензионирањето како играч, тој станал претседател на второлигашот Цементарница 55.

На 9 јуни 2015 година, тој бил поставен како технички раководител на македонската репрезентација.[7] Во април 2018 година, уште бил вклучен во работата на ФФМ.[8]

  1. „Ciric, Sasa“ (германски). kicker.de. Посетено на 3 август 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Зоран Михајлов (19 април 2014). „Саша Ќириќ – првиот голгетер во МФЛ по осамостојувањето“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот 2021-06-25. Посетено на 3 август 2023.
  3. Appearances for Macedonia National Team - RSSSF
  4. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 3 август 2023.
  5. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 3 август 2023.
  6. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 3 август 2023.
  7. „Саша Ќириќ нов технички менаџер на најдобрата фудбалска репрезентација“. Канал 5. 9 јуни 2015. Архивирано од изворникот 2023-08-03. Посетено на 3 август 2023.
  8. „Саша Ќириќ: „Во ФФМ сум поради фудбалот, а не заради позицијата". ФФМ. 5 април 2018. Архивирано од изворникот 2018-04-08. Посетено на 3 август 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]