Сегомо

Во галоримската религија, Сегомо („победник, моќен“) бил бог на војната што се обожавал во Галија. Во римско време бил поистоветуван со Марс и Херкулес. Можеби е поврзан со Кокидиј, сличен бог што се обожава во Британија.[1] Името на легендарниот Велик крал на Ирска, Ниа Сегамаин, што се преведува како „син на сестра или првенец на Сегамон“,[2] може да биде поврзано.

  1. James MacKillop, Dictionary of Celtic Mythology, Oxford University Press, 1998, p. 337
  2. Dictionary of the Irish Language Compact Edition, Royal Irish Academy, 1990, p. 478