На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Секирани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Секирани брои 114 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 72 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Староседелци:Гушевци (5 куќи), Калајџиовци (2 куќи) и Димчевци (2 куќи)
Доселеници:Сиљановци (8 куќи) доселени се од селото Обедник во Железник, кое во 1912 година е затекнато како албанско; Драгарци (4 куќи) доселени се од селото Драгарино; Шалевци (5 куќи) доселени се од соседното село Габаловци, и таму се доселени однекаде; Стојановци (4 куќи) доселени се на крајот од XIX век од раселеното село Кочишта; Штерјовци (1 куќа) доселени се од селото Лисолај; Трајковци (1 куќа) доселени се од некое прилепско село; Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта; Чагорци (1 куќа) доселени се во 1926 година од селото Чагор.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“