![]() | |
Творец | Пол Гоген |
---|---|
Година | 1889 |
Димензии | 73 см × 92 см |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Семејството Шифенекер или Студиото на Шифенекер — слика масло на платно од Пол Гоген од 1889 година, сега во Музејот Орсе. Го прикажува пријателот сликар на уметникот Емил Шифенекер со неговата сопруга Луиз Лансон и нивните две деца Жана (родена во 1882 година) и Пол (роден во 1884 година). На ѕидот десно од прозорецот има мртва природа со овошје и јапонска графика, како одраз на тогашниот моден јапонизам.[1]
Насликана била во 1889 година, следната година откога се вратил од Маркиските Острови.