Автор | Гоце Смилевски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Дијалог |
Издадена | 2007 |
Медиум | печатено издание |
ISBN | 9786084525851 |
Сестрата на Зигмунд Фројд — роман на македонскиот писател Гоце Смилевски објавена во 2007 година во издание на издавачката куќа „Дијалог“.[1] Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]
Во романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е прикажан односот меѓу главниот лик на романот Адолфина и нејзиниот брат Зигмунд Фројд. Прикажани се нивната блискост во детството, асоцијацијата на Адолфиното дружење со сестрата на Густав Климт во виенската психијатриска болница, нејзините соништа и нивните мисли. Авторот го разгледува прашањето дали Зигмунд Фројд е одговорен за смртта на неговите сестри во концентрационен логор.[3][4]
Романот го опишува раздобјето кога, по доаѓањето на нацистите во Виена, во 1938 г. Зигмунд добил излезна виза. Благодарение на неговиот углед и познанства, тој добил можност да состави список на оние што ќе ги земе со себе.[5] Решил со себе да ги поведе сопругата, децата со семејствата, сестрата на сопругата, куќната помошничка, личен лекар и куче, но не и некоја од четирите сестри. Четирите сестри ги оставил во Виена.[3] Недолго потоа, додека Фројд ги живеел своите последни денови во Лондон, неговите сестри ќе бидат одведени во концентрациониот логор Терезин и ќе бидат погубени.[5]
Книгата е заснована на вистинска приказна и им дава глас на оние нечујните, тука најмногу на Адолфина Фројд, надарена, чувствителна жена која животот го поминала во сенка, негувајќи ги мајка си и татко си.[5]
Романот е преведен на преку 30 јазици.
Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]
Во Соединетите Американски Држави „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објавил „Пингвин“ од Њујорк. Романот е објавен и во Франција, Бразил, Италија, Португалија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Германија, Бугарија, Романија, Литванија, Чешка, Словенија, Хрватска, Норвешка, Русија, Босна и Херцеговина, Данска и во други земји.[6]
Во 2010 година , романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ја добил:[3][4]
а во 2012: