Општина Синтика Δήμος Σιντικής | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | |
Население: | 25.592 (2021) |
Седиште: | Валовишта |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 623 00 |
Пов. бр.: | 23230-2 |
Портал: | sidiki.gr/ |
Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).
Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство.
Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинската единица Валовишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).
На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).
Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.
Општинската единица Петрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.
Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).
На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).
|
|